Централната банка на Перу вели дека криптовалутите се ризични поради високата стапка на променливост

Централната банка на Перу реагираше на колапсот на неодамнешните крипто пазари, предупредувајќи за високата нестабилност на дигиталните валути на својот Twitter профил во петокот, 16-ти ноември.

Во својот неодамнешен пост, централната банка на Перу го вклучи графиконот на Bloomberg за цената на Биткоин од декември 2017-та до средината на ноември 2018-та година. Сликата е проследена со изјава:

“Криптовалутите не се поддржани од централните банки и претставуваат ризик поради високата нестабилност во нивната цена, случаите на измами и нивна можна употреба во незаконски активности. Цената на Биткоин падна за 56 отсто од октомври 2018-та година и во ноември загуби дополнителни 13 отсто.”

Според крипто медиумот на Шпански јазик Criptonoticias, Перу во моментов не развива никаков вид на крипто регулации. Сепак, во септември 2017-та година, Главното управно тело за банки и осигурување (SBS) на земјата се приклучи кон блокчејн  конзорциумот R3, за да спроведе истражување за оваа технологија и да ја проучи неговата можна имплементација во Перу.

Покрај тоа, бројот на крипто трговци во Перу постојано расте во текот на 2018-та година. Според податоците обезбедени од страна на веб-страницата за крипто статистика, Coin Dance од LocalBitcoins, годината започна со приближно 17 BTC кои се тргуваат неделно во Перу, но до крајот на септември сумата достигна речиси 150 BTC неделно.

Крипто пазарите неодамна забележаа драстично опаѓање од средата, 14-ти ноември, кога BTC за прв пат падна испод 5000 долари во 2018-та година, а за првпат во 2018-та година и други големи криптовалути, како Bitcoin Cash (BCH), ја загубија половина од цената. Вчера, 20-ти ноември, BTC ја достигна најниската вредност од октомври 2017-та година, падна на 4,237 долари во еден момент во изминатиот 24-часовен период.

 

Leave a comment