Централната банка на Кина бара специјалисти за дигитални валути

Кинеската Централна банка, Народната банка на Кина (PBoC), отвори четири позиции за крипто професионалци, според документот објавен во средата, 10-ти октомври на веб-сајтот на банката.

Според весникот, PBoC бара двајца инженери во нивниот  Digital Money Institute, со искуство во блокчејн и крипто, безбедност и дизајн на чипови. Банката сака инженерите да развијат безбедна голема платформа за податоци и чип процесор кој ќе овозможи крипто трансакции.

Инженерите ќе бидат одговорни за софтверски системи поврзани со дигитални валути, технологија за енкрипција и безбедносни модели, како и истражување и развој на трансакциски терминали.

PBoc, исто така, бара експерти за економски закони и финансии, кои ќе бидат одговорни за правни истражувања, анализа на економските механизми, управување со ризик и истражување на политиката за “правна дигитална валута”.

Овој потег доаѓа кратко време по објавата од CN Finance – локално финансиско списание поврзано со PBoC – каде што експертите на банката ги опишуваат неодамна лансираните stablecoins  во САД кои се поддржани од земјата, за кои тврдат дека би можеле негативно да влијаат на други fiat валути, како што е јуанот. Експертите понатаму изјавија дека Кина треба да го процени лансирањето свој сопствен stablecoin со поддршка од јуанот, додека трае нејзината сегашна забрана за криптовалути.

Кинеската влада прво се спротивстави на криптовалутите уште во 2017-та година, кога сите платформи за крипто размена во земјата беа затворени и ICO беа забранети. Подоцна PBoC постојано издаваше предупредувања за ризиците од крипто-тргување.

По забраната, Кина се фокусираше на блокчејн решенија. Оваа есен PBoC го објави лансирањето на платформа за тргување и финансирање во Шенжен. Мрежата, исто така, ќе се прошири и на Гуангдонг, Хонг Конг и на заливот Макао и дозволува прекугранично тргување. Подоцна, во провинцијата Хаинан, во рамките на еден посветен технолошки парк, беше формирана официјална блокчејн тест-зона.

Leave a comment