Цената на Биткоин повторно во подем откако Трамп изјави дека не е фан на крипто

Биткоин (BTC) почна да се искачува нагоре на 12-ти јули, откако претседателот на САД, Доналд Трамп, го искритикува на Twitter  и стана жешка тема на разговор низ цела крипто заедница.

Податоците од Coin360 покажаа BTC / USD во подем од 0,9% во текот на изминатите 24 часа по значителниот пад претходно во четвртокот.

Од прес-време, парот тргуваше околу 11600 долари, откако ја отфрли поддршката на нешто над 11000 долари.

7 дневната цена на Биткоин

Нестабилноста се намали во текот на изминатите девет часа, и покрај првите досега јавни коментари од Трамп за крипто, кои се покажаа како многу негативни.

“Не сум обожавател на биткоин и други криптовалути, кои не се пари, а чија вредност е многу нестабилна и се базира на ништо”, напиша претходно на Twitter.

“Нерегулираната крипто актива може да го олесни незаконското однесување, вклучувајќи трговија со дрога и друга нелегална активност”, додаде тој.

Слично на тоа, тој изјави дека не е фан ни на криптовалутата на Facebook наречена Libra, но сепак ваквите негативни коментари на Трамп, не оставија никаков впечаток на пазарите, при што BTC / USD не покажа промена во однесувањето откако твитовите беа напишани.

“Досаден пазар, не е ни чудо што сите зборуваат за Трамп”, изјави трговецот и инвеститор Џош Рагер сумирано во новиот коментар за пазарот.

Овој феномен ја нагласува новооткриената отпорност на Биткоин на надворешната критика, која само се зголеми во 2019-та година, додека пазарите ги отфрлаат мислењата на скептиците.

Меѓу инвеститорите, сепак, речиси целото внимание беше кон Трамп, многумина всушност и му се заблагодарија за привлекување внимание кон индустријата и докажување дека не и е потребна негова поддршка.

“Добро направено (Доналд Трамп) за доведување поголема свесност за (Биткоин)”, гласи еден популарен одговор.

Другите се обиделе да го убедат Трамп да ги преиспита своите мислења, вклучувајќи го и извршниот директор на Tron, Џастин Сон, кој го покани на својата постоечка добротворна вечерна дебата со Биткоин bear колегата Ворен Бафет.

Меѓу altcoins, сликата е скоро иста како таа на Биткоин.

Етер (ЕТH), покажа мали промени во генерално нестабилниот тренд, се зголеми на 276 долари во текот на изминатите 24 часа.

7 дневната цена на Етереум

Binance Coin (BNB), токенот на крипто берзата Binance, достигна 6,3% во истиот период, додека EOS (EOS) постигна 2,3% и Litecoin (LTC) 1,3%.

Leave a comment