Цената на биткоин би можела да се зголеми ако криптовалутата на Facebook ги ‘преживее’ конгресните сослушувања

Биткоин се најде под притисок пред владините сослушувања на САД за криптовалутата Libra на 16-ти и 17-ти јули.

Цената на еден биткоин, кој застана на 13000 долари пред пет дена, падна под 10000 долари претходно денес и го тестира 50-дневното просечно движење од 9900 долари за прв пат од 18-ти февруари.

Главниот надлежен на Facebook за Calibra – еден од субјектите формирани за управување и развој на крипто-проектот – Дејвид Маркус во вторник треба да сведочи пред законодавците на Банкарскиот Комитет на Сенатот и Комисијата за финансиски услуги.

Претстојниот надзор на Libra може да влијае над биткоин. Впрочем, минатите податоци покажуваат дека BTC има тенденција да опадне после конгресните сослушувања поврзани со криптовалутите ако исходот не е позитивен, или цената да му порасне ако има поволни резултати.

Минатата година, на пример, BTC падна од 6820 на 6070 долари за пет дена до 12-ти јули, пред да се искачи на 7400 американски долари на 18-ти јули, кога Комитетот за финансиски услуги се собраа за сослушување за “крипто како нова форма на пари”.

Уште поважно, криптовалутите во наредните денови се искачија на високо ниво од 8500 долари на 24-ти јули, бидејќи сослушувањето немаше премногу негативен исход.

Слично на тоа, BTC се намали од 12000 долари на 6000 долари за десет дена, а причината за истото беше сослушување на конгресот на 6-ти февруари 2018-та година, кога претседателот на Комисијата за хартии од вредност (SEC) и шефот на комисијата за тргување со стоки и фјучерси сведочеше пред Банкарскиот Комитет на Сенатот. Тоа сослушување беше исто така изненадувачки позитивно, а BTC до 20-ти февруари се врати на нивото над 1100 долари.

Дали цената на BTC ќе порасне и овој пат?

Криптовалутата Libra на Facebook  поддржана од девизи и владата, се смета за позитивна за биткоин, кое е анти-естаблишмент средство.

Ова е очигледно поради фактот што БТК се искачи од 9000 до 13800 долари за осум дена откако Facebook ја објави белата книга за Libra на 18-ти јуни.

Значи, не е изненадувачки што водечката криптовалута го чувствува влијанието пред конгресни сослушувања за Libra и најверојатно ќе биде погодена ако американските законодавци решат да ја закочат работата на новиот проект на Facebook.

Вреди да се напомене дека претседателот на Федералните Резерви, Џером Пауел, веќе повика на прекин на проектот на Facebook додека не се разгледаат деловите околу приватноста и перењето пари. Претседателот Трамп, исто така, го критикуваше проектот во неколку твитови минатата недела.

Сепак, BTC може да порасне и да изнесува 13800 американски долари и да достигне рекордно ниво пред крајот на третиот квартал, ако сослушувањата се пооптимистички.

Од прес-време, BTC тргува на околу 10300 долари според Bitstamp, што претставува пад од 4,86 проценти на 24-часовна основа.

Leave a comment