Хонг Конг издава нови правила за регулирање на крипто фондовите и крипто берзите

Регулаторот за хартии од вредност во Хонг Конг издаде соопштение во кое се дадени упатства за фондови кои се занимаваат со криптовалути во четвртокот, 1-ви ноември, велејќи дека тоа би можело да се придвижи кон формално регулирање на берзите.

Во она што го нарече “насоки за регулаторните стандарди”, комисијата за хартии од вредност и фјучерси на автономната кинеска територија (SFC) постави серија на потези за кои извршниот шеф, Ешли Алдер навести дека ќе кулминира во формално регулаторно опкружување.

Хонг Конг значително се разликува во пристапот кон криптовалутите од Кина, правејќи ги размената на крипто средства и поврзаните активности легални, иако формално регулирање е во тек.

“Пазарот за виртуелни средства сѐ уште е многу млад, а трговските правила не можат да бидат транспарентни и фер”, изјави Алдер за Bloomberg за време на fintech форум во четвртокот:

“Испадите не се невообичаени како што се манипулации на пазарот и злоупотреба. И, исто така целосните скандали и измами.”

Најновите предлози се однесуваат на сите менаџери на фондови кои инвестираат повеќе од 10 проценти од нивните средства во криптовалути, со субјекти кои служат исклучиво професионални трговци кои можат да се приклучат на sandbox шемата, дизајнирана да даде повеќе простор за развој на нови производи и услуги.

За други, процесот на лиценцирање ќе бара субјектите да ја информираат SFC за нивните деловни практики.

Во соопштението стои:

“Со цел да се обезбеди подобра заштита на инвеститорите, SFC смета дека сите лиценцирани портфолио менаџери кои имаат намера да инвестираат во виртуелни средства треба да ги почитуваат во суштина истите регулативни барања дури и ако портфолијата (или делови од портфолија) под нивно управување инвестираат само или делумно во виртуелни средства, без оглед на тоа дали овие виртуелни средства изнесуваат “хартии од вредност” или “фјучерси”.”

Крипто берзите, исто така, би можеле да бидат под директен надзор на SFC во иднина.

“… Се предлага стандардите за регулаторно однесување на операторите на платформи за виртуелно тргување треба да бидат споредливи со оние што се применуваат на постоечките лиценцирани провајдери на услуги за автоматско тргување”, додава тој.

Заострувањето на регулаторниот надзор на Хонг Конг доаѓа во време кога се повеќе и повеќе јурисдикции се движат да го сторат истото, со оглед на тоа што Биткоин и големите пазари за altcoins се стабилизираат и генералното прифаќањето на нивната долговечност започнува да се востановува.

Минатата недела Тајван најави дека ќе објави посветени правила со кои ќе се регулираат ICO до јуни следната година, откако претходно не одлучија да го регулираат овој сектор.

Leave a comment