Холандски милијардер уште една жртва на измамнички крипто реклами, го тужи Facebook

Претходно оваа недела, холандскиот милијардер Џон Де Мол покрена тужба против Facebook поради крипто реклами кои го користеле неговото име без дозвола.

Де Мол тврди дека потрошувачите изгубиле околу 1,7 милиони евра (над 1,9 милиони долари) поради рекламите, а како резултат неговата репутација била оштетена.

Не е прв пат медиумскиот гигант со седиште во Калифорнија да биде тужен поради лажни биткоин реклами, и покрај напорите на Facebook за елиминирање на проблемот, се чини дека проблемот сепак останува.

Краток вовед во односот на Facebook со крипто рекламите

Во јануари 2018-та година, Facebook стана првата голема социјална медиумска платформа која забрани реклами поврзани со криптовалути.

Имено, гигантот на социјалните медиуми постави предесан за другите големи технолошки компании, вклучувајќи ги и Google и Twitter, кои наскоро го следеа примерот и воведоа слични прописи на нивните платформи.

Поточно, Facebook во тоа време објави дека ќе забрани реклами кои користат “лажни или измамнички промотивни практики”, што конкретно се однесуваат на ICO и криптовалути. Роб Lетхерн, директор за управување со продукти на Facebook, ја објасни одлуката на компанијата во блог пост:

“Ние сакаме луѓето да продолжат да откриваат и да учат за нови производи и услуги преку реклами на Facebook, без страв од измами. Има многу компании кои рекламираат бинарни опции, ICO и криптовалути кои моментално не функционираат во добра намера.”

Забраната била “намерно проширена”, што значи дека компанијата за социјални медиуми прво одлучило да ги забрани крипто рекламите на своите платформи (имено мрежите како Facebook, Instagram и Audience), а потоа да научат како да ги селектираат оние што всушност се “измамнички”. Летхерн, исто така, спомена дека компанијата има намера да “повторно ја ревидира оваа политика и начинот на кој ја спроведува”.

Навистина, во јуни 2018-та година, Facebook делумно ја промени забраната, уште еднаш дозволувајќи крипто реклами на својата платформа – сепак, овој пат само тие претходно одобрени. Меѓутоа, забраната за ICO беше во полн ефект. Оттука, ревидираната Facebook политика за забранети производи и услуги:

“Почнувајќи од 26-ти јуни, ќе ја апдејтираме нашата политика за да дозволиме реклами кои промовираат криптовалути и слична содржина од претходно одобрени реклами. Но, ние ќе продолжиме да ги забрануваме рекламите кои промовираат бинарни опции и ICO.”

Понатаму, апдејтираната политика бара рекламите да поднесат апликација однапред, за да може Facebook да види дали се способни да стартуваат реклами поврзани со крипто. Конкретно, кандидатите се советуваат да ги вклучат “сите лиценци што ги добиле, без разлика дали тргуваат на јавна берза, и други релевантни јавни податоци за нивниот бизнис”.

На крајот, од Facebook изјавија дека “не секој што сака да рекламира, ќе може да го стори тоа”.

Случај Џон Де Мол: Милијардерот го тужи Facebook за оштетена репутација

И покрај дополнителните мерки од Facebook, се чини дека крипто рекламите кои се поврзани со измами сѐ уште успеваат да го најдат патот до платформата – како резултат на тоа, гигантот на социјалните медиуми сега е инволвиран во голема судска постапка.

Случајот е поднесен од Џон Де Мол, 64-годишен холандски магнат чијашто нето вредност е проценета на 1,7 милијарди долари.

Тоа не е прв пат Де Мол, кој е поврзан со меѓународни ТВ-хитови, вклучувајќи ги “The Voice”, “Deal or no deal”, “Fear Factor” и “Big Brother”, ги наброја Facebook биткоин рекламите кои профитираат од неговото име и имиџ. Тој првпат се соочи со проблемот во октомври 2018-та година, како што изјави Жаклин Шап, адвокат од правниот тим на Де Мол:

“Џон де Мол ги забележа рекламите за прв пат во октомври 2018-та година, не знаеме дали ова се првите реклами кои се појавиле. Ние едноставно не ги забележавме порано, но тоа не значи дека не биле објавени.”

Во тоа време, тој даде јавна изјава, велејќи дека на ниту една од овие реклами не им било дозволено да го користат неговото име или слика. Поточно, според извештајот на De Telegraf, луѓето беа замолени да ги пренесат парите на компанија наречена Bitcoin Profit, која тврдела дека е поддржана од Де Мол. Рекламата, наводно, била избришана со објавувањето на статијата.

Сега, Де Мол го тужи Facebook пред Окружниот суд во Амстердам, бидејќи проблемот е сé уште важен за медиумскиот магнат. Според судските документи, рекламите со слики на Де Мол промовираа крипто измами на Facebook и Instagram, кои наводно, ја оштетиле неговата репутација.

Тужителот го обвинува Facebook дека не успеал да ги спречи рекламите и затоа што не можел да одговори на жалбите на време. Покрај тоа, адвокатите на Де Мол побараа од Facebook да ги предаде податоците за идентификација на луѓето кои создаваат такви реклами.

Понатаму, правниот тим на Де Мол тврди дека потрошувачите изгубиле околу 1,7 милиони евра (над 1,9 милиони долари) поради рекламите, исто така забележувајќи дека и голем број други Холандски познати личности се исто така наведени. Шаап изјави дека оваа бројка е создадена од “неколку весници / интернет статии” и дека тоа е споменато од Fraudedesk, локална организација која ја подигнува јавната свест за лажните активности.

Претставник од Fraudedesk потврди за медиумите дека 1,7 милиони евра е износот што им беше доставен од речиси 200 луѓе кои биле инволвирани со лажните реклами од 2017-та година. Портпаролот на организацијата напиша преку е-мејл:

“Општо земено, само 10% се пријавија, па оваа сума е само врвот на ледениот брег”

Во извештајот на Reuters, Шаап е цитирана како вели дека Facebook е одговорен за такви инциденти, и дека сегашниот процес на проверка не е доволен: “Не знам во каква реалност живее Facebook, но тоа не функционира”.

Како одговор, адвокатот на Facebook Јенс ван ден Бринк, наводно, изјавил дека компанијата за социјални медиуми не може да биде принудена да ги следи сите реклами на своите платформи во секое време, и дека Facebook веднаш ги отстраниле рекламите поврзани со Де Мол, откако биле информирани за жалбите.

Според Reuters, на прашањето од судијата дали проверката на Facebook вклучува проверка на содржината на веб-сајтовите со кои се поврзуваат рекламите, ван ден Бринк одговори позитивно, но истакна дека софтверот на компанијата може да биде измамен од луѓето кои ги промовираат со менување на линковите во нивните реклами или ја преправаат содржината од тие страници. Адвокатот, исто така, изјави дека Facebook се обидувал да го реши проблемот.

Пред сослушувањето, Летхерн им изјави на новинарите дека компанијата активно се обидувала да ги спречи измамните реклами:

“Луѓето кои вршат такви реклами се упорни, добро финансирани и постојано ги развиваат своите измамнички тактики за да ги заобиколат нашите системи”.

Исходот од овој случај не е јасен во овој момент. Според Reuters, судијата спомнал дека двете страни би можеле да постигнат решение.

Де Мол не е првата славна личност која се бори против лажни крипто реклами на суд

Очигледно, де Мол не е единствената позната личност која е наведена од измамни реклами поврзани со крипто на социјалните медиуми. На Twitter, бројни корисници и ботови се претставија како познати личности како што се Елон Маск и Виталик Бутерин за промовирање на крипто реклами кои беа измама.

Тактиката на измамниците на Facebook изгледа различно. Наместо да промовираат подароци, тие најчесто опишуваат “големи” можности за инвестирање во непостоечки криптовалути.

За да се даде слика на легитимитет, таквите реклами имаат лажна поддршка од славни личности и ги реплицираат популарните медиумски веб-сајтови како CNBC или Daily Mail. На крајот на краиштата, тие ги измамуваат корисниците да им дадат свои чувствителни податоци, како што се нивните информации за кредитна картичка.

Не е јасно како Facebook и другите големи технолошки компании имаат за цел да се справат со лажните крипто реклами во иднина, но засега проблемот продолжува на штета на обичните корисници и за стигматизација на крипто индустријата.

Leave a comment