Холандски блокчејн стартап започнува со револуционерна платформа за канабис

АМСТЕРДАМ, 31 октомври 2018-та – Со актуелниот експоненцијален раст на светската индустрија за канабис и на блокчејната технологија, постои потенцијално партнерство кое е во корист и на двете. Во индустријата за канабис, постои зголемена побарувачка за решенија за исплаќање, мониторинг и следење на стеблата и механизми за доверба. BitCanna го комбинира најдоброто од сите светови, адресирајќи го секој од овие проблеми преку промоција на својата блокчејна платформа и поврзана криптовалута. Во текот на изминатата година, тим од 20 посветени специјалисти работеше во тесна соработка со индустријата за канабис за развојот на платформата и нејзината глобална експанзија. Голем и растечки број водечки меѓународни брендови веќе го потврдија нивното партнерство, а на први ноември се отворија нивните ICO за заинтересирани инвеститори.

Повеќето банки и даватели на финансиски услуги сé уште одбиваат да ги процесираат канабис трансакциите поради големиот степен на регулаторна несигурност во индустријата. Водечките експерти и претприемачи од индустријата за финансии и канабис гледаат ова како огромна можност да изградат глобално решение за дигитални исплаќања за продавачите на канабис што може да им овозможат да ги заобиколат традиционалните финансиски институции.

“Да се биде во чекор со постојаното менување на законите за канабис е многу тешко. Значи, банките, компаниите за кредитни картички и давателите на онлајн плаќања или одбиваат да се вклучат во индустријата за канабис, или тие наплаќаат премногу високи трансакциски трошоци”, според Јан Шиле, извршен директор на BitCanna. “Тоа ги става компаниите кои продаваат производи од канабис легално во тешка ситуација – мора да сфатат како да ги преземат своите бизниси без готовински плаќања и да продаваат на интернет без да ги прекршат законите. Тоа е местото каде BitCanna ќе ви помогне”.

BitCanna е глобална компанија за блокчејн  технологија која им помага на компаниите за канабис да работат безбедно, законски и економично без потреба од готовина. Компанијата тврди дека е во состојба да ги обработува трансакциите користејќи го BitCann токенот речиси моментално и за плаќање од само неколку центи. Исто така, ќе им овозможи на продавачите да управуваат со нивните синџири на снабдување и да ги евидентираат сите податоци за идентификација на клиентите. Тоа е поединечен технолошки пробив за целата глобална индустрија.

“Не е важно дали е трансакција од 10 или 100 долари. Нашите клиенти ќе плаќаат мала такса “, вели Шеле. “Ние воведуваме систем за плаќање кој ќе го направи економично и безбедено прифаќањето на дгитални пари за сите компании од канабис – без разлика дали продаваат онлајн или во продавница”.

Не се само онлајн трговците на мало кои можат да имаат корист од блокчејн технологијата. Некои малопродажни трговци кои продаваат канабис во продавници, даваат околу 10-15% од нивните приходи за безбедноста и персонал за да го одржат бизнисот со готовина. Обезбедувањето на овие компании со технологијата за обработка на плаќањата може да им помогне да ги намалат безбедносните ризици при исполнување на прописите.

Многу експерти во индустријата веруваат дека и покрај порастот што го видовме во текот на изминатите неколку години, пазарот за канабис само што почнува да се обликува. Само во Соединетите Американски Држави, се очекува дека пазарот на канабис двојно ќе се зголеми од $22 милијарди во 2017-та година на 44 милијарди во 2020-та година. И глобалниот пазар се очекува да достигне до 140 милијарди долари до 2027-ма година, според Европската инвестициска банка Bryan, Garnier & Co.

BitCanna е добро поставена за да има корист од оваа растечка индустрија. Компанијата ќе има директна интеграција со некои од најголемите интернет продавници за канабис кога ќе биде лансирана во третиот квартал на 2019-та година. Ќе се тестира на локации во продавници за канабис во Амстердам и Барселона. Самата BitCanna веќе соработувала со десетици компании за канабис за да создаде BitCanna Alliance. Членовите на Алијансата се активни во 27 земји и досега привлекле 10 милиони посетители на својата веб-страница.

Компанијата има амбициозни планови да стане глобално решение за дигитално плаќање за индустријата за канабис. Прво ќе започне во Европа, а потоа брзо ќе се прошири и во остатокот од светот.

За BitCanna

BitCanna е децентрализирана мрежа за плаќање на легалната канабис индустрија. Компанијата е основана од Бој Рамсахаи, вистински ветеран во оваа индустрија, кој во 1991-ва година основа успешна интернационална медиумска компанија за канабис. Неговите списанија на холандски јазик High Life и Soft Secrets се добро познати во Холандија. BitCanna соработува со големите брендови на европскиот пазар на канабис и ја формираше BitCanna Alliance. Алијансата работи на создавање здрав и транспарентен пазар на канабис преку обезбедување и следење на дигитални трансакции и спроведување на синџирот на снабдување и управување со клиентите.

Leave a comment