Холандија: Биткоин трговец нападнат во својот дом

Трговец на биткоин (BTC) бил нападнат во неговиот дом во Холандија од страна на група крадци преправени како полиција, објави локалниот весник De Telegraaf на 23-ти февруари.

38-годишниот Тјерд Х., наводно, бил жртва на насилен напад во неговиот дом во Дроувенервен на 10-ти февруари, при што група криминалци облечени во полициска униформа со балаклави и панцири  му се заканувале со огнено оружје.

Додека мотивот на нападот не е јасно утврден, De Telegraaf спровел сопствена истрага, откривајќи дека Х. тргувал со криптовалути. De Telegraaf забележува во извештајот дека изворите од полицијата ја потврдија таа верзија.

 Крадците на криптовалути веќе не се само онлајн закана, бидејќи сопствениците на биткоин биле нападнати лице-в-лице од страна на криминалци и принудени да префрлат разни количини на дигитални валути во анонимни паричници.

Во јануари 2018-та година, лице-во-лице Биткоин кражба се случи на одморалиштето Пхукет, Тајланд. Руски бизнисмен, наводно, бил држен како заложник и принуден да се логира на својот компјутер и да префрли околу 100.000 долари во Биткоин на неговите напаѓачи.

Исто така, минатата година, Одделот за кривични истраги (CID) во Гуџарат, Индија, го испитува наводното киднапирање и изнудување на 200 Биткоини од бизнисменот Сајлеш Бхат од страна на полицијата. Бхат тврди дека на 9-ти февруари 2018-та година, полицаецот од Централното биро за истрага (CBI), Сунил Наир, прво го претепал, со помош на други службеници, во една од просториите на CBI додека не плати откуп од околу 770.000 долари, а не специфицирал во каква валута.

Leave a comment