Хакирана Јапонска крипто-берза, пријавени 59 милиони долари во загуби

Хакерите, наводно, украле криптовалути во вредност од 59 милиони долари од Јапонската крипто-берза Zaif, објави Cointelegraph Japan на 19-ти септември.

Според локалниот извештај, како резултат на безбедносниот нападот на 14-ти септември, хакерите успеале да украдат 4,5 милијарди јени од wallets на корисници, како и 2,2 милијарди јени од средствата на компанијата, со вкупни загуби од 6,7 милијарди јени или околу 59,7 милиони долари.

Tech Bureau Inc, кои управуваа со Zaif, во соопштението за печатот објавија дека берзата открила грешка на серверот на 17-ти септември, по што Zaif ги суспендирал депозитите и повлекувањата. На 18-ти септември, берзата сфатила дека грешката е хакерски напад, и го пријавил инцидентот кај Јапонскиот финансиски регулатор, Financial Services Agency (FSA). Хакерите украле 5.966 биткоини (BTC), покрај некои Bitcoin Cash (BCH) и MonaCoin (MONA).

Според Tech Bureau Inc, фирмата Fisco Digital Asset Group ќе му помогне на Zaif да ги покрие изгубените средства на клиентите со обезбедување на 5 милијарди јени (44,5 милиони долари). Tech Bureau Inc склучило договор со Fisco за отпуштање на повеќе од половина од неговите директори и корпоративни ревизори, и Fisco да стане мнозински акционер во компанијата.

Крипто-берзата Zaif е 101-та најголема крипто-берза во однос на обемот на трговија, според CoinMarketCap.

Претходно оваа година, Zaif призна на “системска грешка”, која им овозможи на корисниците привремено да се здобијат со трилиони долари вреден Биткоин (BTC) бесплатно во февруари. 16 клиенти случајно можеле да “тргуваат” со јени за криптовалути со стапка од 0 јени по монета.

Leave a comment