Фудбалскиот клуб SL Benfica нуди опција за крипто плаќање на својата онлајн продавница

Големиот Португалски спортски клуб SL Benfica сега прифаќа криптовалути за своите комерционални производи и билети, пренесува Verdict на 6-ти јуни.

Според извештајот, SL Benfica соработувал со крипто услугата Utrust за да ја обезбеди новата опција за плаќање. Навивачите и купувачите сега можат да купат било какви производи на веб-страницата на клубот со токенот Utrust (UTK) или со биткоин (BTC) и етер (ЕТH).

Utrust, наводно, поддржува инстант конверзија на крипто во девизни валути, дозволувајќи им на SL Бенфика да ги конвертира своите приходи директно во готовина. Соопштението за медиумите објаснува дека ова му овозможува на клубот да избегнува проблеми околу нестабилноста на криптовалутите, додека се уште ја користи блокчејн технологијата за спроведување безбедни трансакции.

Benfica, наводно, има околу 7 милиони активни фанови на социјалните медиуми, а околу двојно е износот на вкупниот број на навивачи низ целиот свет. Од Benfica велат дека имаат за цел да ја зголемат својата фан база со оваа нова опција за крипто плаќања, фалејќи ја опцијата за плаќање како најевтина, најбезбедна и најбрза опција за онлајн трансакции.

Извршниот директор на SL Benfica, Домингос Соарес де Оливеира ја коментираше својата значајна дигитална фан база, велејќи:

“Ние признаваме дека многу од нашите поддржувачи сега се дигитални корисници, па затоа сакаме да бидеме чекор пред другите кога станува збор за прифаќање на нови технологии и давајќи им го на нашите поддржувачи најдоброто онлајн искуство”.

Како што претходно беше објавено од крипто медиумите, фудбалскиот тим на англиската Премиер Лига, West Ham United, се здружи со блокчејната платформа Socios.com за да создаде “фан-токен-екосистем”. Фан-токените ќе се користат за да се поттикне ангажманот на гледачите преку анкети, игри и продизводи достапни на платформата Socios.

Leave a comment