Фудбалскиот клуб Јувентус лансира крипто-токени за да им даде ‘глас’ на навивачите

Еден од најпопуларните фудбалски клубови во светот лансира крипто-токен за кој вели дека ќе ја зголеми бројката на фанови, дозволувајќи им да бидат “слушнати”.

За овие напори, Италијанскиот фудбалски клуб Јувентус, кој може да се пофали со Кристијано Роналдо како член на сегашниот тим, се здружи со Socios.com за да го започне “Juventus Official Fan Token”. Токенот ќе биде првично дистрибуиран преку “Fan Token Offering (FTO)”, според соопштението за печатот во понеделникот.

Со една од најголемите глобални фан-бази и огромно присуство на социјалните медиуми, тимот вели дека има намера фан-токенот уште повеќе да ја прошири таа публика и да им овозможи на поддржувачите надвор од Европа да имаат по-директни искуства.

Токенот, кој ќе се продава на платформата Socios против неговиот домашен $CHZ токен, ќе им овозможи на обожавателите да гласаат за претстојната мобилна апликација. Преку платформата навивачите можат да одговорат на гласачките прашалници на Јувентус, овозможувајќи да се слушнат гласовите на поддржувачите и да се создаде емоционална врска помеѓу клубот и неговите навивачи “, изјавија од клубот.

Фан-токенот нуди – на што претпоставуваме дка е во основа ICO, иако објавувањето не покажува точно како ќе биде структуран или како е наменет да се подигне – е закажан за лансирање во првиот квартал на 2019-та.

Џорџо Ричи, главниот соработник за приходите на Јувентус, шеф на глобалните партнерства и корпоративни приходи, изјави:

“Во клубот секогаш сме многу внимателни и проактивни кон иновациите и новите технологии. Заедно со Socios.com, веруваме дека можеме да им понудиме нови можности на нашите светски фанови за да бидат вклучени преку најсовремениот начин со нивниот омилен клуб”.

Најавата доаѓа во услови на неодамнешна серија на фудбалски клубови кои се свртуваат кон блокчејн технологијата за да се обидат да бидат поангажирани околу своите фан-бази.

Само пред две недели, Францускиот клуб Париз Сен Жермен од Француската прва лига, ги откри плановите да издаде сопствена криптовалита како начин за поттикнување на учество од своите фанови низ светот. Овој проект исто така се спроведува во партнерство со Socios преку сличен фан-токенски бренд.

Всушност, Socios во денешното соопштение посочи дека се надева дека ќе се ангажира со повеќе фудбалски клубови, можеби дури и со 50 од нив.

“Нашата амбиција е да ја градиме најголемата светска глобална фудбалска заедница и поволен пазар за фудбалските навивачи, демонстрирајќи дека блокчејн и криптовалутите се доверлива мејнстрим технологија”, изјави Александар Драјфус, извршен директор на компанијата и нејзин основач.

Аваи, Бразилски фудбалски тим од серија Б, објави на 12-ти септември дека создава криптовалута како дел од напорите за развивање на дигитален екосистем за своите фанови и за привлекување на 20 милиони долари. Проектот има за цел да им помогне да се развијат со цел да се квалификуваат за во серија А ниво на Бразилскиот фудбал, како и да се изгради физичка инфраструктура на тимот.

Leave a comment