Фудбалскиот клуб Париз Сен Жермен ќе лансира свој фан-токен

Францускиот фудбалски клуб Париз Сен Жермен (PSG) соработува со блокчејната платформа Socios.com за да започне свој токен екосистем, се вели во соопштението за печатот од 11-ти септември.

PSG игра во првата француска фудбалска лига и се смета како “најпопуларен” тим во земјата.

Socios се опишува себеси како дигитализирана, токенизирана форма на концептот за управување со толпата “Socios” на Реал Мадрид и ФК Барселона – “социо” значи член или соработник на шпански. Платформата се напојува со подвижен блокчеjn, наречен chiliZ, кој има поддршка од играчи од висок профил во крипто-индустријата, кои ја вклучуваат платформата за крипто-размена Binance. chiliZ собра 66 милиони долари од финансирања до денес, според преписката на CT со извршниот директор Александар Драјфус.

Партнерството на PSG со платформата ќе му дозволи на клубот да отвори фан-токен-понуда (FTO) што им дава на навивачите пристап до брендираните светски клубски токени, кои доаѓаат со право на глас, а исто така може да му дадат ВИП статус и / или награда на нивниот сопственик.

Навивачите, наводно, ќе можат да гласаат за “козметички” одлуки (избирање боја на клубот, стадионска музика и лого) и одредени спортски аспекти (MVP, играч на натпреварот или месецот, пријателски натпревари, летни тури, добротворни настапи итн.).

Драјфус истакна дека стратегијата претставува ограничен технички механизам, кој не ја означува постоечката корпоративна структура на клубот, туку е фокусиран на поттикнување и монетизација на ангажманот на фанот преу крипто-искуства. Марк Армстронг, главен шеф за партнерство на PSG, е цитиран во соопштението за печатот велејќи:

“Париз Сен Жермен е решен да ги искористи можностите што може да ги обезбедат криптовалутите. Оваа револуционерна технологија ќе има значајно влијание врз целокупната деловна стратегија на клубот и начинот на кој се ангажираме со нашите фанови”.

Фан-токените на Сен Жермен, наводно, ќе можат да се трејдаат на пазарот socios.com, но само  chiliZ native токенот (CHZ). FTO на клубот, наводно, ќе се одржи пред почетокот на следната фудбалска сезона, иако точниот датум и цените на токените се уште не се откриваат.

Драјфус понатаму нагласи дека иако PSG е првиот клуп од висок профил кој се приклучи на иницијативата, платформата во крајна линија има за цел да ангажира “стотици милиони” фудбалски навивачи на повеќе познати фудбалски клубови во светот. Драјфус изјави дека платформата ќе помогне околу ангажирањето и едукацијата за блокчејн и крипто.

Leave a comment