Француските пратеници предлагаат правна рамка за сите “провајдери на дигитални средства”

Наводно, Француската влада планира да обезбеди правна рамка за сите провајдери на “дигитални средства”, објави локалната новинска агенција LesEcho.fr на 21-ви септември.

Три членови на партијата на претседателот Емануел Макрон, La République En Marche (LREM), предложија амандман за Француското законодавство за регулирање на сите даватели на услуги во крипто-индустријата, изјавија извори за LesEcho.fr. Наводно, националното собрание треба да расправа за амандманот до крајот на септември.

Амандманот, поднесен од пратениците на LREM, Валерија Форе-Мунтијан, Кристин Енион и Ерик Боторел, има за цел да ја прошири постојната правна рамка со цел да им овозможи на сите учесници на критпо-пазарот да добијат одобрение од главниот регулатор на берзата во Франција, Autorité des Marchés Financiers (AMF). LesEcho.fr пишува дека барањата за одобрување би биле опционални, додавајќи:

“Секој учесник ќе биде слободен да го побара тоа. Но, јасно е дека добивањето на оваа лиценца ќе биде гаранција за кредибилитет и сериозност.”

Овој јули, Жан-Пјер Ландо, државен службеник и академик, објави извештај во кој се наведува дека нема да се претера со регулирање на криптовалутите, објави Cointelegraph.

Претходно овој месец, Францускиот регулатор на берзи Autorité des marchés financiers (AMF) доби законски овластувања за да им даде дозволи на компаниите што се занимаваат со ICO, да “привлечат инвеститори од целиот свет”, според Францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер.

Leave a comment