Францускиот парламент одби да го олесни оданочувањето за сопствениците на криптовалути

Долниот дом на Францускиот парламент ги отфрли измените на финансискиот закон од 2019-та година, со кој би се олеснило оданочувањето поврзано со крипто. Француското бизнис списание Capital го објави ова во вторникот, 18-ти декември.

Амандманите кои беа одбиени од страна на Националното собрание се однесуваа на предлог-законот за владините финансии за 2019-та година.

Како што беше објаснето од страна на локалниот новински крипто весник Bitcoin.fr, Собранието отфрли вкупно четири предлози. Еден од нив беше да се воведе разлика помеѓу редовните крипто трансакции и повремени, нудејќи порелаксиран систем на оданочување за вторите.

Друг амандман предложи да се зголеми годишниот обем на трансакции кои спаѓаат во ослободување од данок од 305 евра (околу 350 долари) на 3.000 евра (3.430 долари), или дури 5.000 евра (5.714 долари). Националното собрание, исто така, го одби предлогот за следење на постојните упатства за хартии од вредност при воведување на крипто оданочување.

Во ноември исто така беше предложено намалување на стапката на данок на приход од крипто од 36,2 до 30 проценти; овој амандман беше споменат за време на состанокот на Собранието, но неговиот сегашен статус останува нејасен.

Шефот на Француското блокчејн здружение Chaintech, Александар Стајченко, изјави за Capital дека потегот на владата не обезбеди никаква правна сигурност за крипто трговците и инвеститорите во земјата. Покрај тоа, тој смета дека според сегашното законодавство, многу од нив повеќе нема да ги пријавуваат своите крипто доходи.

Во јуни 2017-та година, Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека би сакал Франција да стане “стартап нација”. Министерот за економија и финансии на земјата, Бруно Ле Мар, го повтори ставот на Макрон, тврдејќи дека земјата е подготвена за “блокчејна револуција”.

Во декември, Француските политички пратеници понудија да потрошат 500 милиони евра (околу 569 милиони американски долари) за распоредување блокчејн на државно ниво во текот на следните три години, со цел да се усогласат со насоката осмислена од Ле Мар.

Сепак, севкупниот став на Франција кон криптовалутите останува двосмислен. Централната банка на земјата неодамна одби да го одобри планот кој ќе им овозможи на илјадници тутунски киосци да продаваат Биткоин (BTC), почнувајќи од јануари 2019-ти година.

Leave a comment