Францускиот владин министер планира и крипто донации за Нотр Дам

Францускиот државен министер за дигиталниот сектор, Седрик О, изјави дека е отворен за соработка со крипто платформите за овозможување крипто донации за реконструкција на катедралата Нотр Дам. Веста беше објавена од Bloomberg на 17-ти април.

Средновековната катедрала доживеа страшен пожар на 15-ти април, кој речиси го уништи светско познатото обележје. За само два дена, сумата за донации за реконструкција на споменикот, наводно, се приближува до 900 милиони евра (над 1 милијарда долари).

Седрик О – чие министерство работи под покровителство на Францускиот министер за економија и финансии, Бруно Ле Мар – истакна дека новата владина веб-страница за донации за Нотр Дам била креирана екстремно брзо, но се уште не поддржува донации во крипто.

Официјалниот сајт моментно е поврзан со четири одобрени организации кои собираат донации за реконструкција, но Седрик О истакна дека владата е “отворена за разговор и со други” за да помогне во собирањето на средства.

Министерот изјави дека истите услови ќе важат за крипто донации како оние за fiat валути – организациите не смеат да наплатуваат надоместоци, податоците треба да се собираат за даночни одбивања, а средствата на крајот треба да се пренесат преку една од четирите одобрени организации.

Како што беше објавено на 15-ти април, BlockShow, меѓународен блокчејн настан, започна сопствена кампања за да се подигнат крипто средства за реконструкција на катедралата.

Големата глобална крипто-берза Binance, исто така, започна своја сопствена програма за донација на крипто за поддршка на реконструкцијата на катедралата оваа недела. Новиот канал за донации се наоѓа на добротворната платформа на Binance, која беше лансирана како иницијатива на The Blockchain Charity Foundation (BCF).

Претходно оваа недела, Бруно Ле Мар потврди дека блокчејната технологија е приоритет за владата на неговата земја. Тој го истакна регулаторниот напредок на крипто и блокчејн, најавен од PACTE Act, кој беше усвоен од Француското национално собрание претходно овој месец.

Leave a comment