Франција: Централната банка не одобрува продавниците за тутун да продаваат биткоин

Француската тутунска федерација, Fédération des Buralistes, доби дозвола да продава биткоин (BTC) во продавниците за тутун од јануари 2019-та година, објави Француската радио-мрежа Еurope 1 на 21-ви ноември.

Во договорот со Францускиот провајдер на крипто wallets KeplerK, почнувајќи од следната година, до 4.000 мали продавници ќе продаваат Биткоин ваучери, кои клиентите потоа можат да ги разменат за криптовалути на веб-страницата на KeplerK кога ќе отворат свој wallet.

BTC ќе биде достапен во деноминации од 50, 100 и 250 евра и последователно ќе се префрли и во преостанати продавници.

Според Еurope 1, Францускиот прудентен систем за супервизија и резолуција (ACPR), независен орган кој работи под покровителство на централната банка на Франција, дал зелено светло за овој проект.

Меѓутоа, по објавата, самата Банка на Франција издаде соопштение во кое негира дека такви планови имаат благослов од нејзе.

“Спротивно на она што беше потврдено ова утро […] без претходна проверка, ниту еден таков договор не е потпишан со цел да се дозволи продажба на Биткоин од страна на трговците со тутун”, AFP ја цитира институцијата, додавајќи:

“Покрај тоа, ниту еден таков договор не е предвиден ниту се дискутира за истиот”.

Еurope 1 коментираше дека ACPR немаше “никаков избор”, туку да ја одобри продажбата поради стапката на која криптовалутите влегуваат во традиционалната свест на потрошувачите.

Франција достави мешани ставови за криптовалутите на државно ниво, повикувајќи на меѓународни регулаторни напори, додека “Monsieur Bitcoin” Жан-Пјер Ландо изјави дека прекумерната регулација ќе донесе “три-насочна опасност”.

Leave a comment