Франција е подготвена овој месец да ги одобри првите крипто компании под нови правила

Франција е подготвена да ги одобри ICO и други крипто бизниси со својот нов регулаторен пристап кон секторот.

“Франција е предвесник”

Како што објави Reuters на 16-ти јули, новите правила, кои се очекува да стапат на сила подоцна овој месец, ќе им овозможат на бизнисите поврзани со крипто доброволно да се подложат на националните стандарди за капитални барања, заштита на потрошувачите и оданочување во замена за зелено светло на регулаторот.

Ана Марел – извршен директор за правни работи на Управата за финансиски пазари (АМF) – за новинарите изјави дека храбрата крипто регулаторна агенда од претседателството на G7 треба да ја направи Франција предвесник на ова поле. Таа изјави:

“Франција е предвесник. Ќе имаме законска, даночна и регулаторна рамка […] Ние сме во преговори со тројца или четворица кандидати за ICO.”

Покрај ICOS, АМF е во разговори со неколку платформи за крипто размена, надзори и менаџери на фондови, откри Марел.

Како што истакнува Reuters, моментумот за обезбедување поголема правна јасност за малку регулираниот сектор, очигледно, беше засилен од вестите за претстојната криптовалута Libra на американскиот технолошки гигант Facebook.

На состанокот на министрите за финансии на Г-7 во Шантил, Франција, денеска можевме да ги видиме французинот Бруно Ле Мар и секретарот за финансии на САД, Стивен Мнучин, едвај наоѓајќи заедничка основа кога станува збор за криптовалути, а особено за плановите на Facebook, наспроти растечките трансатлантски тензии во трговијата.

Регулаторниот крипто рулет

Задоволувањето на апетитот за регулирање во оваа индустрија е сложено и додека некои веруваат дека зголемениот надзор би можел да донесе подобра репутација за крипто фирмите, промената исто така носи и многу ризици. Како што Фредерик Монтагнон, коосновач на LGO, крипто платформа со седиште во Њујорк, која избра да биде домаќин на ICO во Франција, изјави за Reuters:

“Кога сте претприемач, најлошото што може да ви се случи е да го поставите вашиот бизнис таму каде што нема регулатива, за да дочекате негативна регулаторна рамка која подоцна ќе биде наметната и ќе го загрозува целиот бизнис”.

Како што е соопштено, крипто пазарите беа доста променливи откако претседателот Трамп и Мнучин се фокусираа на ризиците од криптовалутите последниве неколку дена – но сепак некои тоа го сфаќаат како “секој публицитет е добар публицитет”.

Во меѓувреме Ле Мар ја карактеризирал Libra како “атрибут на суверенитетот на државите” и откри дека Франција има намера да побара гаранции од гигантот на социјалните медиуми во согласност со гувернерите на централните банки на Г-7.

Leave a comment