Фондот за иновации на УНИЦЕФ ќе инвестира во проекти поврзани со блокчејн

Фондот за иновации на УНИЦЕФ инвестира 100.000 долари во шест компании за развој на блокчејн проекти, според соопштението објавено на 10-ти декември.

Фондот за иновации на УНИЦЕФ беше започнат специјално за финансирање на раната фаза и технологијата со отворен код која може да им користи на децата. Фондот ги идентификува решенијата во технолошки области како блокчејн, машинско учење, квантно пресметување, вештачка интелигенција (AI) и други.

Оваа најава гласи дека Фондот ќе инвестира до 100.000 американски долари во Аргентинската компанија за развој на софтвер Atix Labs, Мексиканските технолошки компании Onesmart и Prescrypto, Индискиот стартап Statwig, Тунискиот стартап за развивање на апликации Utopixar и фирмата за развој на апликации W3 Engineers од Бангладеш.

Компаниите одделно ќе изградат прототипови и системи чија цел е да ги адресираат глобалните проблеми како што се транспарентноста во обезбедувањето на здравствената заштита, достапниот пристап до мобилните комуникации, како и способноста за алокација на финансии и ресурси во социјалните иницијативи.

Најавените компании, наводно, ќе се приклучат на 20 други технолошки стартапи, кои веќе се под управа на Фондот во областите како што се науката за податоци, дроновите и виртуелната реалност.

Според соопштението, инвестициите се дел од поголемата блокчејна иницијатива на УНИЦЕФ за користење на smart contracts за организациска ефикасност и напори за да се запознаe и да се разберe podobro дистрибуираната ledger технологија (DLT).

“Блокчејн технологијата е се уште во рана фаза – и има многу експерименти, неуспех и учење пред нас, како што гледаме како и каде можеме да ја искористиме оваа технологија за да создадеме подобар свет”, изјави Крис Фабиан, Главен советник за иновации на УНИЦЕФ.

Во април, УНИЦЕФ Австралија објави иницијатива која ќе им овозможи на јавноста да ја користи процесорската моќ на нивниот компјутер за да фармаат крипто како донација кон добротворната организација. Тони Андрес Танг, менаџер на содржини и дигитален бренд на УНИЦЕФ Австралија, соопшти дека “се транспарентни во фактот дека [тие] позајмуваат процесорска моќ на компјутерот и даваат можност да одберат колку енергија е донирана”.

Во февруари УНИЦЕФ започна со некаков вид на добротворни цели за сириските деца, барајќи од компјутерските гејмери да ги користат своите компјутери за да фармаат Ethereum (ЕТH) и да ја донираат својата заработувачка. УНИЦЕФ соопшти дека ќе го користи донираниот Ethereum за да им овозможи на децата пристап до вода, образование и здравствени и хигиенски услуги.

Leave a comment