Фирма за крипто-фармање доби закана за бомба поради нивото на бучава

Закана за бомба беше испратена до Норвешката компанија за крипто-фармање поради “нарушување на мирот” со бучава , минатата сабота.

Kryptovault, фирма за крипто-фармање со објекти во голем број Норвешки градови, објави дека добиле закани откако еден локален весник известил за нивната работа, според Yahoo Finance.

Заканата вели: “Ако го проширувате крипто-фармањето и ја полните земјата со бучава, тогаш ќе го нарушите мирот. Се заканувам дека ќе ви испратам неклку експлозиви”, се вели во извештајот.

Директорот на Kryptovault, Ѓермунд Хагесатер, рече дека анонимното известување веднаш било испратено до локалните власти, кои “навистина ја сфаќаат целата ситуација многу сериозно.”

Поплаки за бучава над дозволеното ниво на фармачките дејствија од локалните жители е константен проблем за Kryptovault. Во јуни, весникот Vakdalposten објави дека компанијата беше домаќин на консултативни состаноци со соседите во градот Дејл како обид да се намалат тековните фрустрации.

Сепак, со оглед на неодамнешниот пресврт на настаните, се прават нови проценки за текот на акцијата што треба да се преземе за да се осигура безбедноста на објектите и вработените во Kryptovault.

Всушност, зборувајќи со Yahoo Finance, Хагесатер откри дека меѓу трите града во кои тие имаат свои објекти “Дејл е далеку подостапен” за потенцијални натрапници. Како резултат на тоа, вработените во градот биле предупредени да “бидат цело време претпазливи” во случај на некоја необична активност.

Крипто-фармањето станува се повеќе профитабилна активност за приватните бизниси ширум светот, со оглед на зголемената побарувачка на потрошувачите за крипто-средства како што е биткоин. Во исто време, активноста бара бројни енергетски интензивни пресметки кои трошат големи количини на електрична енергија, што некои го користат во предлозите за поттик на потребата за одржливи енергетски решенија.

 

Leave a comment