Фејсбук ја намали забраната, прифаќа само одредени крипто реклами

Фејсбук ја укинува својата забрана – на некој начин – за рекламите поврзани со криптовалентност.

Гигантот на социјалните медиуми започна со оформување на “барање за прием на крипто производи и услуги” што ќе им овозможи на некои компании да ги добијат своите реклами на платформата, според блог пост објавен во вторникот.

Фејсбук, сепак, нема да дозволи реклами за првични монетарни понуди (ICO) или за бинарни опции. Забраната за овие реклами стапи во сила неколку месеци откако Фејсбук првпат превзеде акција против крипто-реклами, потег кој беше проследен со слични акции на Твитер, Гугл и други големи сајтови.

Во списокот со барања, социјалната мрежа наведува да знае какви конкретни услуги компаниите сакаат да рекламираат на платформата. На пример, Фјесбук прашува дали компаниите имаат соодветни лиценци за работа, или дали се јавни претпријатија. Фејсбук исто така објави правен додаток кој ја истакнува својата политика кон рекламите за криптовалентност.

Имено, компанијата сугерираше дека нејзината политика во иднина би можела да види дополнителни измени.

Роб Литхерн, директорот за менаџирање со продукти за Фејсбук, напиша на блог постот:

“Со оглед на овие ограничувања, не секој кој сака да се рекламира ќе ја има можноста за тоа. Но, ние ќе ги слушнеме повратните информации, ќе видиме колку добро функционира оваа политика и ќе продолжиме да ја проучуваме оваа технологија, така што, доколку е потребно, да ја корегираме со време.”

Овој потег ги придоби симпатиите на PR-от од крипто сферата.

Треј Дито, основач на Ditto PR, фирма за крипто односи со јавност, ја опиша оваа промена на Фејсбук како “првиот чекор во овозможувањето на веродостојни блокчејн проекти, крипто компании и ICO-и  да дојдат до нови потенцијални клиенти и инвеститори.”

“Ова ќе биде голем поттик за приходите од рекламирање на Фејсбук, бидејќи поголемиот дел од проектите се заинтересирани и имаат пари за платени реклами.” , додаде Дито.

Leave a comment