Фејсбук бара блокчeјн таленти за пет нови работни места во компанијата

Фејсбук има наброено пет нови работни места поврзани со блокчејн на својата страница за кариера во изминатите три недели, од кои две беа први на листата на 5-ти и 6-ти декември.

Позициите кои моментално се отворени за апликантите се две улоги на софтверски инженер, истражувач на податоци и инженер на податоци – сите редовни работни места во седиштето на компанијата во Менло Парк, Калифорнија.

Во описот на работното место за блокчејн инженер во тимот на Facebook Blockchain Data Engineering, рекламата ја карактеризира позицијата како “технолошка” и “интелектуално предизвикувачка” работа, која “ќе има огромно глобално влијание”.

Неодамна наведената улога – Маркетинг менаџер на производи на Facebook блокчејн тимот  – укажува на тоа дека тимот е од витално значење за мисијата на компанијата за решавање на проблеми и градење на заедницата, а посебно во “истражувањето на можностите што блокчејнот ќе ги донесе”.

Додека прецизни детали за планираните – или постоечките – блокчејн иницијативи на Facebook се чуваат во тајност, рекламата за “Истражувач на податоци, Блокчејн” укажува дека:

“Ние ги истражуваме областите од интерес во сите аспекти на блокчејн технологијата. Нашата крајна цел е да им помогнеме на милијардите луѓе да имаат пристап до работите што ги немаат сега – тоа би можело да бидат работи како што се правични финансиски услуги, нови начини за заштеда или нови начини за споделување на информациите.”

Огласите за двете работни места за “Софтверски инженер, Блокчејн” покажуваат дека блокчејн специјалистите кои ќе се приклучат на постоечкиот тим за софтверско инженерство (инфраструктура) ќе помогнат да се изградат “големите дистрибуирани компоненти кои го водат Facebook”, кои треба да се зголемат за да служат “милиони барања во секунда” , и да го сторат тоа со латентност во секунда и скоро со никаква грешка.”

Преферираните квалификации вклучуваат “искуство со дистрибуирани компјутери (Hive / Hadoop)” (за улогата на “Истражувач на податоци, Блокчејн”) и искуство со кодирање на голем број јазици како “C, C ++, Java, C #, Perl, PHP, Hack и / или Python” (Софтверски инженер, Блокчејн).

На почетокот на мај, шефот на Messenger на facebook, Дејвид Маркус, кој беше член на одборот на големата крипто берза Coinbase од декември 2017-та година, објави дека компанијата формирала група “за да истражи како најдобро да се искористи блокчејнот преку Facebook , почнувајќи од нула.”

Во јули, директор на инженерство на Facebook, Еван Ченг, му се приклучи на блокчејн тимот за да исполни паралелна улога посветена на истражување на намените на оваа технологија.

Како што објавија во октомври оваа година просечната заработувачка на блокчејн инженер се искачи на 150 до 175 илјади долари годишно, што е за 400 отсто повисоко отколку во 2017-та година, според извештајот за платите од 2018-та година на Hired. Извештајот на Hired ја наведува побарувачката поттикната од интересот на глобалните технолошки гиганти, како што се Facebook, Аmazon, IBM и Microsoft, од кои во моментов се бараат специјалисти од новиот сектор.

 

Leave a comment