Фармачкиот гигант Bitmain тужи непознат хакер за наводна кражба од 5,5 милиони долари во крипто

Кинескиот фармачки гигант на биткоин Bitmain, го тужеше анонимниот хакер за наводна кражба на криптовалuti во вредност од 5,5 милиони долари од акаунтот на Bitmain на Binance во април, според тужбата поднесена до Окружниот суд на САД во Сиетл на 7-ми ноември.

Како што е наведено во судскиот документ, анонимен хакер, познат како “John Doe” во случајот, успеал да го преземе Binance акаунтот на Bitmain и го користел складираниот биткоин за да ја манипулира цената на altcoin-от Decentraland (MANA), а потоа да го украде профитот.

Bitmain во судскиот документ вели дека износот на загубите на компанијата “надминува” 5,5 милиони долари во “Биткоин и други дигитални средства” и наведувајќи дека обвинетиот бил во можност да украде “приближно 617 BTC”. Во документот се наведува дека неовластеното дејство се случило на 22-ри април, кога Биткоин тргуваше со вредност од околу 8.935 долари.

Документот, исто така, објаснува дека како дел од “измамата”, непознатиот хакер користел два сопствени акаунти на сега втората најголема крипто-берза Binance, како и на Bittrex, со што се стекнал со околу 2,3 милиони MANA од Bittrex. “John Doe”, наводно, ги ставил нарачките од Bitmain во дигиталниот wallet  за купување на MANA “и други дигитални средства” со биткоините на Bitmain по цена која била “далеку над пазарната стапка”. Обвинетиот, наводно, дополнително вештачки ја накачил цената на MANA со користење биткините на Bitmain за да купи Ethereum (ЕТH), кој потоа беше искористен за купување на MANA.

Според тужбата, хакерот дополнително извршил голем број на оркестрирани замени во обратна насока помеѓу BTC и МANA од Bitmain wallet-от и нивните сопствени, на крајот наводно, ја завршил кражбата со пренесување на BTC од нивниот BItmain акаунт “на крајот во дигиталниот wallet на Bittrex крипто-берзата”.

Во средината на октомври Cointelegraph објави дека загубите предизвикани од хаковите на крипто берзи во првите девет месеци од 2018 –та година ги надминале бројките за целата 2017-та година за 250 проценти, со украдени 927 милиони долари.

Leave a comment