Фармациски скандал поттикнува барања да се стават податоци за вакцини на блокчејн

Скандалот околу измамите на производителот на вакцини во Кина предизвика загреана дебата во текот на изминатата недела – и сега Кинеската крипто-заедница го предлага блокчејн како потенцијално решение.

Бунтот следеше по извештајот на Државната управа за лекови во Кина, кој се базираше на дојава, започна истрага за компанијата – Changsheng Biotechnology – и утврди дека ги фалсификувала аспектите на податоците за производството на вакцина против беснило.

Веста веднаш привлече големи критики како во земјата, така и на меѓународно ниво, поради стравувањата дека некои вакцини можеби нема да бидат безбедни за да им се дадат на децата. Вакцината, наводно била отповикана и на фирмата и било наредено да го запре производството.

Заедно со протестите во јавноста, Кинеските блокчејн ентузијасти ги користеа социјалните медиуми, како што се 8btc, за да се поттикне донесувањето на блокчејн во фармацевтската индустрија, така што секој чекор од производството и дистрибуцијата на вакцината може да се следи на tamper-proof ledger.

Имено, еден од најпознатите крипто-инвеститори во земјата, Ли Ксиалоаи, во понеделникот објави статија на сопствениот канал WeChat, тврдејќи дека производството и дистрибуцијата на вакцини е всушност јавна афера во Кина.

Како таква, рече тој, целиот синџир на снабдување со вакцини треба да биде отворен за сите, а дистрибуираната книга треба да се употреби за да се евидентира секој детал од процесот – од кој ја произведува вакцината, кој е задолжен за обезбедување на квалитет, кои болници ја набавиле вакцината и по која цена, кој примил од вакцината и колку дози, и така натаму.

Отвореноста и транспарентноста на дистрибуираната база на податоци ќе помогне да се осигури јавноста дека се е под контрола, додаде Ли.

“Со синџир на податоци кој може да се следи, полесно е да се најдат одговорните кога ќе се најдат вакцини со проблем … … И за децата кои би можеле да бидат повредени од проблематични вакцини, ќе им биде полесно да бараат оштети” изјави тој.

Додека одржливата апликација која може да го следи производството на вакцини може да не биде веднаш достапна, продолжи Ли, верува дека ќе пристигне порано отколку што се очекуваше – и по можност на token-free  блокчејн.

“Всушност, блокчејн технологијата без токени досега има доста добри прототипови.Но, со оглед на неразбирањето на луѓето од блокчејн и мислењата базирани на шпекулации, … тешко е да се стават овие апликации во употреба, дали за владини агенции или непрофитни организации” рече Ли.

Избегнување на цензура

Ако не за следење на синџирот на фармациското снабдување, блокчејн е барем еднаш искористен како средство за заобиколување на “Големиот заштитен ѕид” на Кина и за трајно чување на цензурирани статии.

Во саботата, истражувачката статија – наречена “The Vaccine King” и објавена на WeChat – ги вклучуваше погрешните процени на Changsheng Biotechnology во текот на децениите. По еден ден од објавувањето, статијата беше блокирана на социјалните медиуми и од интернетот во Кина, поради чувствителните информации што ги вклучуваше, за кои властите веруваа дека имаат потенцијал да предизвикаат паника.

За да се спротивстават на цензурата, програмерите сега ја имаат хаширано целата статија како трансакција на ethereum блокчејн, така што оригиналниот текст сè уште е достапен за читателите во Кина.

Изложувањето на проблемот со вакцините го означува најновиот случај во кој контроверзни информации што се блокирани во Кина беа трајно зачувани на јавниот блокчејн како борба против цензурата на интернетот.

Претходно, статијата во која е детално опишана Кинеската верзија на движењето #metoo, исто така, беше блокирана во Кина, но подоцна беше кодирана во ethereum блокчејн како постојан, видлив запис.

Leave a comment