Уште еден макро настан што може да влијае на Биткоин се случува оваа есен

Потенцијалот за „no deal“ сценарио како што Велика Британија ја напушта Европската Унија во октомври оваа година може да го насочи биткоинот кон нови височини, проценуваат некои играчи на индустријата.

Како што многумина веќе искусиле од прва рака, Британската фунта изгуби доста од својата вредност како во однос на еврото, така и на американскиот долар, бидејќи се создаваат стравувања дека ќе се случи “no deal” Брегзит . И како што функционира теоријата за биткоин-како-безбедно-засолниште, дигиталното средство треба да стане попривлечно за инвеститорите бидејќи вредноста на нивните национални девизни валути опаѓа.

Говорејќи за Британскиот весник The Independent, Николас Грегори, извршниот директор на блокчејн фирмата CommerceBlock изјави дека „биткоинот го открил своето mojo оваа година“ и дека “no deal” сценариото „може да забележи масовна и невидена подем“ за цената на биткоинот.

„Не само што заминувањето без договор од ЕУ ќе создаде немири и нестабилност меѓу две главни девизни валути, туку ќе предизвика и криза на идентитет за глобалниот систем, бидејќи се изложуваат контингентноста и ранливоста на големите глобални девизни валути” додаде тој.

Како и да е, весникот потсети и дека биткоинот не е врзан за ниту една земја, туку наместо тоа има „безгранична и децентрализирана инфраструктура“. Како резултат на тоа, многу помалку е склон кон она што се случува во една земја, со можен исклучок на многу големи земји како на пример Кина и САД.

“No deal” Брегзит сепак има значајни импликации, најверојатно, кои се протегаат надвор од границите на Велика Британија. И со назначувањето на новиот премиер на Велика Британија, Борис Џонсон, кој е добро познат поддржувач на Брегзит, “no deal” сценарио се чини неминовно.

Според Грегори, ова би можело да помогне да се „зацементира“ статусот на биткоинот како финансиско засолниште: „До 2020-та година, очекуваме се повеќе популистички и политички нестабилен свет да го зацементира статусот на биткоин како безбедно засолниште и за други криптовалути воопшто“, изјави тој.

Во меѓувреме, Алон Рајиќ, извршниот директор на MoneyTransferComparison.com, изјави за медиумите претходно оваа година дека неуредниот Брегзит во комбинација со глобалниот пазар на мечки може да „ги вивне средствата како криптовалути и злато кон нови височини“. Сепак, тој предупреди дека ако крипто пазарот не успее да го искористи глобалниот осврт потпомогнат од Брегзит, „тогаш може и тој да биде негова погребна церемонија, бидејќи шпекулаторите ќе претпостават дека биткоинот и другите водечки криптовалути не се безбедно засолниште за инвеститорите како што се надеваа.”

Иако Борис Џонсон вети дека ќе ја напушти ЕУ до 31-ви октомври, без оглед дали е постигнат договор или не, многумина сепак проценуваат дека ова сценарио нема да се оствари.

Според анкетата на економистите од Reuters, направена од 2-ри до 7-ми август, прогнозата за „неуредниот Брегзит“ сега изнесува 35%. Иако тоа е повеќе од 30% пред само еден месец, сепак значи дека 65% од анкетираните економисти веруваат дека Брегзит ќе се случи на уреден начин.

Фунта/Американски долар

Leave a comment