Упатство: Како да ги прифатите биткoин плаќањата за вашата продавница/бизнис

Ако вие или некој што го познавате води бизнис каде што често се прават трансакции, можеби ќе сакате да размислите за прифаќање на биткоин плаќањата од вашите клиенти. Со неодамнешната возбуда која ги опкружува криптовалутите и всушност користењето на дигитални средства за правење секојдневни купувања, има тотална смисла да се отвори нов медиум за обезбедување плаќања за вашиот бизнис, особено ако тоа само може да го зголеми вашиот приход. Кој е  подобриот начин да се направи тоа од прифаќањето на криптовалутите? Не е премногу тешко да се постави сето ова, ако знаете што да направите, па еве да наброиме некои начини на кои можете да поставите биткоин плаќања за вашиот бизнис.

Терминологија

Паричник: Крипто паричник е софтверска програма каде што се складираат монети. За да бидат технички точни, биткоините не се складираат било каде; постои приватен клуч (со таен број) за секоја Биткоин адреса која е зачувана во биткоинскиот паричник на лицето кое ја поседува сумата. Биткоин паричниците го олеснуваат испраќањето и примањето на биткоините.

Берзи: Биткоин берза е дигитален пазар каде што трговците можат да купуваат и продаваат биткоини користејќи различни fiat валути или altcoins. Биткоин валутната берза е онлајн платформа која делува како посредник меѓу купувачите и продавачите на криптовалути.

QR Code: QR-код (кратенка од “quick response”) е тип на баркод кој содржи матрица од блокови или цртички. Може да се скенира со користење на QR скенер или паметен телефон со вградена камера. Откако ќе се скенираат, софтверот на уредот ги претвора цртичките на кодот во бројки. На пример, скенирање на QR код со вашиот телефон може да отвори URL во веб-пребарувачот на телефонот. Сите QR-кодови имаат квадратна форма и вклучуваат три квадратни контури во долниот лев, горниот лев и горниот десен агол.

Јавен клуч: Јавен клуч е создаден со криптографска енкрипција и се користи за конвертирање на порака во нечитлив формат. Дешифрирањето се изведува со користење на друг, но соодветен, приватен клуч. Јавните и приватните клучеви се спарени за да овозможат безбедна комуникација.

Хардверски терминали: Терминал е електронски комуникациски хардверски уред кој се справува со внесувањето и прикажувањето на податоци. Терминал може да биде компјутер или работна станица поврзана на мрежа.

Паричници

Првиот начин на кој можете да ги прифатите Биткоин плаќањата е да ги примате директно во паричник. Во зависност од обемот на криптоплаќањата што ги добивате, можете да ги прифатите со директно префрлање во крипто паричник кој можете да го поставите сами. Всушност, постојат премногу крипто берзи кои што можете да ги користите за да ги поставите овие паричници.

Во основа, паричникот е само низа случајни букви и броеви. Бројни биткоин берзи се насочени кон различни кориснички потреби, нудат парични услуги, како и независни платформи за паричници. Се што треба да направите е да се регистрирате онлајн на една од нив и да го користите вашиот јавен клуч како адреса за паричникот за вашите клиенти. Ако сакате да им олесните, можете дури и да поставите QR-код за да го скенираат и да испратат криптовалути за неколку секунди.

Сè што треба да направат е да го скенираат, да ги стават потребните биткоини и да го потпишат со нивниот приватен клуч. Вредноста на Биткоин знае често да флуктуира, затоа внимавајте и проверувајте го сегашниот девизен курс на секоја голема берза пред да ја спроведете трансакцијата. При времето кое е потребно да ги проверите цените и да го поставите јавниот клуч, веќе треба да го добиете вашиот Биткоин. Само не заборавајте да напоменете дека прифаќате плаќање во Биткоин, инаку ретко кој од нив би помислил дека ја нудите таа опција.

Апликации

Неодамна, девелоперите на софтвер создадоа апликации кои исто така можат да го олеснат прифаќањето на Биткоин. Овие апликации работат слично на паричниците, бидејќи им овозможуваат на клиентите директно да го пренесат својот Биткоин преку посредничка платформа. Се што треба да направите е да преземете една од овие апликации и да го поврзете вашиот паричник со неа. Трговецот ја внесува точната количина потребна во fiat и апликацијата потоа генерира QR-код за скенирање од страна на клиентот. Се што тој или таа треба да направат е да го скенираат кодот и тоа е тоа.

Бидејќи повеќето луѓе денес користат смартфони на дневна основа, не би ви било проблем на симнете некоја од овие апликации. Некои од апликациите кои можете да ги преземете се CoinFly, BitPay и CoinGate.

Апликациите за паметни телефони се другиот начин за директно да примате биткоини од вашите клиенти. Се што треба да направите е да даунлодирате една апликација и да ја поврзете со вашата картичка или банка.

Хардверски терминали

Колку подолго постои Биткоин, толку повеќе тој е легитимиран како изводлива опција за плаќање. Оттука, инженерите и техничарите развија специфичен хардвер за да помогнат во овие исплати. Овие се нарекуваат Point of Sale системи, а трговците на мало можат да имаат голема корист од нивното користење.

Постојат различни видови хардверски терминали од кои можете да бирате, вклучувајќи ги и Coinkite и BitPay. Ова се терминали за плаќање во Биткоин, кои можат да ги скенираат QR кодовите, дебитните Биткоин картички и други форми на методите за плаќање во Биткоин. Единствениот недостаток на овој метод е тоа што може да ве чини повеќе пари отколку да преземете некоја апликација или да го користите вашиот паричник. Во зависност од обемот на крипто плаќањата што ги добивате, ова може, но и не може да биде најдобриот начин за поставување и прифаќање.

Меѓутоа, ако поседувате бизнис каде што ретко или повремено добивате Биткоин плаќања, може да биде губење на вашите пари и време. Наместо тоа, држете се до било која од претходните форми на прифаќање на плаќање, освен ако не сте целосно во ред со трошење на малку екстра пари при поставување на овие терминали.

Онлајн плаќања

Сте започнале онлајн бизнис и неможете да користите било кој од претходните начини на прифаќање на Биткоин плаќања? Не грижете се, се уште можете да добивате Биткоин плаќања преку поставување на копчиња кои се поврзани со онлајн посредници за плаќање. Можете да поставите и рекламно копче “плаќање со Биткоин” кое ќе ги насочи корисниците кон процесот на крипто-плаќање.

Некои од овие услуги вклучуваат BitPay, CoinBase и CoinGate.  Ви се праќаат неколку линии на HTML код што можете да ги вградите во вашата веб страница и спремни сте! Тоа е всушност прилично јасен и едноставен процес, па дури и ако знаете дека нема да добивате премногу биткоин плаќања, нема да ви наштети ако го поставите. Всушност, тој исто така може да им покаже на вашите клиенти дека сте екстремно модерни и дека ја користите најновата технологија.

Добри и лоши страни

На крајот на денот, постојат неколку добри и лоши страни кои се поврзани со прифаќање на Биткоин како плаќања за вашите деловни услуги. Прво и најважно, нема да бидете изложени на ризик да станете жртва на измама. Ако добиете Биткоин, плаќањата се конечни и не можат да се променат автоматски. Сепак, постојат моменти кога надоместоците за кредитна картичка по некое време се одбиени и плаќањето е целосно откажано, оставајќи ве со повеќе дополнителна работи во вашите раце.

Дополнително, вие можете да изберете да не плаќате ектра трансакциски трошоци. Кога станува збор за плаќања со кредитна картичка, дополнителните трансакциски такси се собираат и може на крај да се соберат многу пари. Кога ќе добиете Биткоин плаќања, имате можност да одберете дали или не сакате да платите трансакциски трошоци кои одат кон компјутерите кои се домаќини на мрежата. Ако одберете да плаќате, ќе го добиете вашиот Биткоин побрзо, но имајќи ја можноста да не плаќате никакви надоместоци е прилично примамливо.

Сепак, најголемата причина зошто некој можеби не сака да ги прифати плаќањата во Биткоин е поради нестабилноста на пазарот. Во само неколку денови – или дури часа – може да видите добар износ од вашите Биткоин исплати се намалува во вредност ако пазарот падне, оставајќи ве вас со помалку пари. Секогаш кога ќе одлучите да ги прифатите биткоинските или другите крипто плаќања, мора да го прифатите ризикот од многу нестабилни пазари кои може да го намалат вашиот приход.

Од друга страна, може да има околности каде што пазарот се враќа и нешто што првично се продало за 500 долари во Биткоин ја зголемува својата вредност и вреди повеќе. Ако можете брзо да ги префрлите тие пари во fiat кога на пазарот му оди добро, ќе се најдете со повеќе пари отколку порано. Сето тоа зависи од пазарот и дали тој функционира во ваша корист, што е ризик кој мора да го прифатите кога станува збор за прифаќање на Биткоин плаќањата.

Заклучок

Со оглед на тоа што технологијата продолжува да го иновира и да го револуционизира начинот на кој живееме, криптовалутите се појавија како едни од најновите дополнувања на сè поголемата листа на ветувачки концепти на кои треба да внимаваме. Всушност, полека се легитимираат себеси како една од најновите класи на имот што треба и ќе прават чекори во подобрувањата во текот на следните неколку години. Како такви, секој кој поседува бизнис каде Биткоин би можел да послужи како остварлива форма на плаќање за нивните услуги, треба да размисли за спроведувањето на еден од овие системи, и за нивно прифаќање и пренесување во банка. Иако се уште е многу рано за нормализирање на Биткоин плаќањата како секојдневие , почнуваме да гледаме се поголем и поголем обем на правење на овие трансакции.

Leave a comment