Универзитетот Jеил инвестирa 400 милиони долари во нов крипто-фонд

Универзитет Јеил од Американската Ivy League, се вели дека е еден од инвеститорите кои помогнаа да се соберат 400 милиони долари за голем нов крипто-фонд, објави Bloomberg на 5-ти октомври.

Фондот, наречен Paradigm, беше, наводно креиран од коосновачот на Coinbase, Фред Ехршам, поранешниот партнер на Sequoia Capital, Мат Хуанг, и Чарлс Нојс, кој доаѓа од постојаниот крипто-фонд Pantera Capital.

Хуанг, изјави дека ја напуштил Sequoia во јуни за да започне со формирање на фондот заедно со Ехрзам, според извештаите од Wall Street Journal во тоа време.

Bloomberg денес цитираше анонимен извор кој вели дека Јеил, чијашто донација од 30 милијарди долари е втора по големина меѓу Американските високообразовни институции, направи инвестиција со неизвесна големина во Paradigm.

Bloomberg понатаму објави дека 60% од активата на Јеил за фискалната 2019-та година се наменети за “алтернативни инвестиции”, вклучувајќи “ризичен капитал (vc), hedge фондови и откупни побарувања”.

Според Bloomberg, фондот, наводно, планира да инвестира во “кристално фокусирани” проекти во рана фаза, нови блокчeјни и платформи за размена на дигитални средства.

Ова лето, Cointelegraph извести за група економисти од Јеил што создале “сеопфатна” анализа на “risk-return tradeoff” на големи криптовалути како Биткоин (BTC), Еthereum (ETH) и Ripple (XRP), врз основа на нивните историски податоци за перформансите.

Leave a comment