Универзитетот Стенфорд го започнува новиот истражувачки центар наречен New Blockchain

Група од крипто стартапи и организации го спонзирираат новиот истражувачки центар за блокчејн со седиште на Универзитетот Стенфорд.

Центарот за истражување на блокчејн е предводен од Дан Боне и Дејвид Мазиер, двајца професори на кои блокчејн и крипотвалутите им се специјалност. Ова истражување планира да “развие најдобри практики” за блокчејн со тоа што ќе ги соедини универзитетските научници и лидерите на водечките индустрии, стои во соопштението што го објави Stanford Engineering на 20-ти јули.

На веб-страната на центарот се наведени иницијативите на спонзорите, како што е Ethereum Fondation, Protocol Labs и Interchain Foundation. OmiseGO, DFINITY Stiftung и Polychain Capital исто така го подржуваат истражувачкиот центар.

Творецот на Ethereum, Виталик Бутерин, кој ја основал Ethereum Fondation, напиша неколку твита за овој проект на 20-ти јуни.

Боне, кој е исто така професор на Факултетот за инженерство на Стенфорд, кажа за лансирањето на Центарот:

“Блокчејн платформите ќе станат критични за водење бизнис на глобално ниво. Стенфорд треба да биде во првите редови во напорите за подобрување, примена и разбирање на многуте ефекти на оваа технологија.”

Центарот ќе се фокусира на дизајнирање на блокчејн наставна програма за студентите и работните професионалци – потег што можеби не е изненадувачки, со оглед на извештаите дека токму од таквите класи видоа голем интерес во некои земји во САД.

Leave a comment