Универзитетот во Бахреин ќе издаде блокчејн дипломи на платформата за вработување Blockcerts

Универзитетот во Бахреин ќе издаде блокчејн дипломи, објави локалниот медиум на англиски јазик Trade Arabia на 13-ти јануари.

Според претходно споменатата статија, универзитетот го користи OpenStart Blockcerts во партнерство со Learning Machine, стартап кој обезбедува систем за издавање на верифицирани официјални записи со користење на формат заштитен со блокчејн.

Како што објавија медиумите во септември минатата година, владата на Бахреин ја истакна важноста на блокчејн технологијата за економијата на земјата, притоа повикувајќи на внимателноста околу сајбер-безбедноста. Абдулхусен Мирза, министер за електрична енергија и водостопанство на Бахреин, изјави:

“Способноста на блокчејн да ги заштити податоците на корисникот е вистински знак за напредок, особено поради фактот што може да се примени во различни компании од различни индустрии, вклучувајќи ја и сајбер безбедноста.”

Trade Arabia вчера објави дека универзитетската блокчејна иницијатива е дел од севкупната стратегија за дигитализација на мобилните ученици.

Технолошкиот институт во Масачусетс (MIT), исто така, издаде дигитални сертификати базирани на блокчејн на повеќе од 100 дипломирани студенти, како дел од тест-програмата од средината на октомври 2017-та година.

Во една посветена анализа на проектот, медиумите објавија како MIТ почна да издава дипломи за Биткоин блокчејнот преку платформата Blockcerts, во обид да го дистрибуира академскиот акредитив, а истовремено обезбедувајќи  никој да не може да се меша и да го смени.

Тимот на девелопери на Blockcerts објасни:

“Blockcerts обезбедува децентрализиран систем за проверка на квалификации. Биткоин блокчејнот делува како снабдувач на доверба, а ингеренциите се отпорни на подесувања и можат да се проверат. Blockcerts може да се користат во контекст на академска, професионална и работна сила.”

Leave a comment