Универзитетите се натпреваруваат да обезбедат крипто-предавања: можности и опасности

Знаењето е моќ, особено во ерата на информации, кога разбирањето на “новото” може да обезбеди предност во однос на конкуренцијата. Ова е причината зошто, едвај една година откако крипто експлодира во мејнстрим  – и долго пред тоа, најверојатно, ќе ужива во неговото усвојување – веќе е предмет на поголем број универзитетски курсеви. Додека мал број од нив се фокусираа на вистинското шифрирање, компјутерски науки и криптографија што лежат зад криптовалутите, повеќето други се обидоа да обезбедат детален вовед во крипто, така што повеќе бизнис-ориентирана публика ќе ја има основата за одлучување дали – и во колкава мера – треба да се донесат биткоини и блокчејн.

Со други зборови, повеќе профитно-ориентираните универзитети се обидуваат да профитираат на крипто-треската нудејќи јавни нетехнички курсеви за криптовалути. Меѓутоа, дури и ако многумина од нив едноставно им предаваат на студентите како да ги концептуализираат блокчејните, наспроти тоа како да ги кодираат и да ги создадат, извештаите покажуваат дека студентите се задоволни од наставата што ја добиле досега. И покрај тоа што не мора да им се обезбеди можност да градат децентрализирани апликации и валути за себе, знаењето што го примиле може да биде од витално значење ако криптото во иднина се усвои на масовно ниво.

Соединетите Американски Држави

Во најголем дел, наставата за крипто се одвива во контекст на бизнис-програми, со многу малку универзитети кои нудат специфични дипломски степени за криптовалути или за самиот блокчејн. Во САД, во голем број на MБА програми (мастери по бизнис администрација) се додаваат курсеви за криптовалути, овозможувајќи им на студентите да стекнат основа во крипто, а истовремено да учат за сметководство, финансии, претприемништво и сл. . Ова е случајот со следниве институции:

  • Stanford Graduate School of Business
  • Haas School of Business, UC Berkeley
  • NYU’s Stern School of Business
  • Fuqua School of Business, Duke University
  • MIT Sloan School of Management
  • UCLA Anderson School of Management
  • Georgetown University’s McDonough School of Business
  • The Wharton School (University of Pennsylvania)

Како пример ќе го земеме Stern School of Business на универзитетот во Њујорк,кој им нуди на MБА студентите воведен курс со наслов “Дигитални валути, блокчејн и иднината на индустријата за финансиски услуги”. Според содржината на курсот, тој има за цел “да им овозможи на студентите подобро да го разберат законот и деловните активности на блокчејн технологијата, како и првичната примена на дигиталната валута биткоин, така и апликациите што во моментов се истражуваат за нивните разновидни употреби и функции.”

Бидејќи наставата е сконцентрирана околу разбирањето на апликациите во врска со блокчејн технологијата, нејзините предавања покриваат теми како што се платните системи низ историјата, начинот на работа на блокчејнот, криминалите поврзани со криптовалути и управувањето со банкарските работи. Не постојат аспекти на курсот како кодирање или компјутерски науки, што е типично во сите горенаведени институции, наместо тоа студентите се школувани за основните принципи на криптовалутите и влијанието кое тие го имаат врз финансискиот сектор.

Со оглед на тоа што само три од наведените универзитети ги нудеа своите курсеви кога Cointelegraph објави слична статија за блокчејн и универзитетите пред околу една година, нивното проширување сигнализира дека курсевите за криптовалентност уживаат стабилен раст. И она што е интересно за ваквиот раст е тоа што во голема мера е поттикнат од самите студенти, кои во некои случаи ги туркаат нивните универзитети да вклучуваат модули, курсеви и предавања за крипто во нивните програми.

На пример, студентот од втора година на МБА, Итамар Ор, во април изјави дека вклучувањето на криптовалентниот курс на Stanford е делумно резултат на притисокот што го правел врз него Факултетот за бизнис и 12 други студенти, кои напишале заедничко писмо до универзитетот во кое се барало додавање на крипто-тематски модул.

“Многумина од нас ќе треба да дискутираат за блокчејн на нашите работни места. Затоа има целосна смисла тоа да го учиме. Тоа ви дава конкурентна предност, што е дополнителна корисна алатка за во иднина”.

Дополнително на тоа, универзитетите и професорите самите ја признаваат растечката јавна побарувачка за крипто-курсеви, побарувачка која е зголемена со движењата на цените кои криптовалутите ги уживаа во последниве месеци. Дејвид Јермак, професор на Stern School of Business во Њујорк, објави во февруари дека амфитеатарот на првото предавање на неговиот курс за биткоин и криптовалути достигнал максимален капацитет од 180 луѓе, и тој морал да се пресели во поголем амфитеатар кој располага со капацитет од 225 луѓе, по интересот кој експлодирал во новата година. Исто така, Дон Сонг, професор на UC Berkeley, ги известува своите ученици: “Можноста да седите на ова предавање е многу скапоцена […] Постојат многу други студенти кои чекаат и сакаат да бидат на вашето место”.

Остатокот од светот: MOИК и курсеви

Снабдувањето и побарувачката за крипто-курсеви е можеби највисока во САД, но тоа не значи дека таквите курсеви не се достапни на друго место. Всушност, постојат голем број на места надвор од Америка, каде што студентите можат да добијат целосни дипломски степени или квалификации во области поврзани со крипто.

Во Кипар, University of Nicosia од 2014-та година па навака нуди мастер по дигитални валути, кога и во исто време го лансираше првиот модул на оваа програма како слободен МОИК (масивен отворен интернет курс). Достапен онлајн во целиот свет, курсот  вклучува предавања за банкарство, регулација, блокчејн апликации, финансиски пазари и програмирање со дигитални валути. Според тоа, неговата покриеност е доста широка, со оглед дека е “дизајниран да ги подготви учесниците да станат компетентни професионалци во областа на дигиталните валути”.

University of Nicosia не е единственото место во Европа каде студентите можат да добијат мастер за криптовалути. Universidad de Alcalá  во Шпанија сега нуди “Мастер во Ethereum, блокчејн технологија и крипто-економија”, кој ветува “дека ќе обезбеди сеопфатна обука во областа на блокчејн технологијата, DAO, вклучувајќи ги и криптовалутите како посебен и трансверзален случај , од тројна перспектива: технолошка, економско-финансиска и регулаторна”. Сличен троен фокус е евидентен и со “Експерт мастер во блокчејн и криптоекономија” организиран од Universidad Autónoma de Madrid. Во периодот од септември до мај, тој е “насочен кон обезбедување на професионалците со основните алатки поврзани со блокчејн во овие три области: технолошка, економска и правна.”

И додека од тој степен се добива диплома од постдипломски студии, а не мастер, Universidad Europea Madrid, исто така, се обидува да ја прилагоди својата крипто-програма специјално за професионалци. Нивниот курс за постдипломски студии во биткоин и блокчејн започнува во октомври и трае шест месеци, на крајот од кој студентите “ќе можат критички да ја анализираат ефикасноста на техничките и правните решенија базирани на блокчејн технологиите и да развиваат интегрални проекти поврзани со криптовалентност”.

Друга стручна диплома е достапна од Технолошкиот институт во Буенос Аирес, во Аргентина. Дипломата за крипто-економија: блокчејн, паметни договори и криптовалути е повторно насочена кон луѓе “со многу малку основни познавања околу ова и кои сакаат да ги научат причините, механиката, можностите на монетарно и технолошко ниво и формите на инвестиции”. Тоа трае само неколку месеци почнувајќи од 11-ти јули, потенцирајќи го фактот дека неговите приоритети се насчени повеќе кон воведот на студентите во блокчејн и криптовалути, отколку целосно да ги научат како да бидат интегрален и продуктивен дел од индустријата за криптовалентност.

Кратките курсеви кои се грижат за професионалци и во кои на крајот се добива сертификат или диплома стануваат се почести во остатокот на светот. Во февруари, RMIT Универзитетот во Австралија започна 8-неделен интернет курс, “Развивање на блокчејн стратегија”, во кој – по цена од околу 1.200 американски долари – учесниците ќе добијат “вовед во основите на блокчејните”, со помош на кој ќе го “разгледаат обемот на пошироката блокчејн индустрија”, и конечно ќе се советуваат за тоа како да се “применат овие учења на [нивниот] сопствен бизнис”.

Назад во Европа, Copenhagen Business School во Данска нуди еднонеделна Летна школа за блокчејн од 2016-та година, а истата таа, годинава ќе се одржи во август и ќе се фокусира на примената на блокчејн технологијата за генерирање на деловна и општествена вредност .”

Во Русија, три институции додадоа крипто курсеви поврзани со нивните финансиски програми на крајот од 2017-та година: Московскиот државен универзитет, Државниот универзитет во Санкт Петербург и Високата школа за економија. Во меѓувреме, неколку технички универзитети (Московски институт за физика и технологија, Националниот универзитет за наука и технологија) додаваат курсеви за тоа како се развиваат криптовалутите, истакнувајќи ги начините на кои некои држави имаат за цел да ги учат студентите за градење блокчејн, наместо само негово разбирање на концептуално и финансиско ниво.

Едукација = Усвојување

Таквите извештаи покажуваат дека дури и ако некои крипто-курсеви се повеќе воведни отколку интензивни, постојат и други кои им обезбедуваат на студентите темелно и разновидно образование во областа на криптовалути и блокчејн – оној што всушност ќе им помогне да играат активна, а не пасивна улога во крипто-индустријата. Дополнително на тоа, иако нивните броеви се сè уште мали, постојат одредени курсеви кои се фокусираат посебно на техничките аспекти на крипто, како што се “Дистрибуираниот консензус и блокчејн на Универзитетот Корнел, Криптовалути, паметните договори и блокчејн” кои се достапни преку  одделот за компјутерски науки на универзитетот, наместо преку неговиот бизнис оддел.

Друг пример доаѓа од Massachusetts Institute of Technology (MIT), кој го води курсот “Крипто-инженерство и дизајн” како дел од својата Иницијатива за дигитални валути. Во Европа, University of Edinburgh сега води курсот за “Блокчејн и дистрибуирани ledgers” на својата школа за информатика, Varna University of Management во Бугарија планира да вклучи блокчејн модул во својата програма за софтверско инженерство во  академската 2018/19-та година.

Иако може да им треба извесно време на други универзитети да се израмнат со ваквите понуди, поопштите и воведни курсеви за крипто се се уште многу вредни – и не само во професионална смисла. Како што беше нагласено од Даниел Диемерс од PwC во едно неодамнешно интервју:

Усвојувањето на нови технологии бара повеќе образование”.

Ова е причината зошто здравиот развој на општите и воведните курсеви за блокчејн и биткоин е многу добредојден, бидејќи, дури и ако овие курсеви не мора да ја одгледаат следната генерација на крипто-кодери и програмери, ќе ја одгледаат барем следната генерација на луѓе подготвени да усвојат се што произведуваат овие кодери и развивачи во иднина.

 

Leave a comment