Украински законодавец побара од Парламентот да ги намали даноците за крипто до 2030-та година

Украински законодавец го повика парламентот за време на говор во понеделникот, 1-ви октомври, да го преиспита својот алтернативен предлог-закон за криптовалутите, кој нуди замрзнување на даноците за крипто-трговците до 2030-та година.

Пратеникот Јуриј Деревјанко, член на Movement of New Forces за борба против корупцијата основано во 2017-та година од страна на поранешниот Грузиски политичар Михаил Сакашвили, ја претстави својата верзија на предлог-законот во советот на The Verkhovna Rada на Украина, еднодомниот парламент на земјата.

“Предлог-законот предвидува даночни ослободувања за сите учесници на крипто-пазарот до 31-ви декември, 2029-та година”, изјави Деревјанко. Тој дополнително ја објасни важноста на таквата одлука за Украинската економија:

“Верувам дека треба да го наметнеме мораториумот за оданочување на областа [крипто] во наредните 10 години. Мораме да го регулираме и легализираме овој сегмент, кој ќе стане двигател за нова економија.”

Алтернативниот закон, регистриран на 27-ви септември, нуди малку поинакви дефиниции за криптовалутите, блокчејн, фармањето и токените. Според документот, даночните кратења ќе се однесуваат на сите приходи од крипто-договори и за физички лица и за субјекти.

Документот на Деревјанко се противи на главниот закон, која неколкумина пратеници на партијата на претседателот Петро Порошенко го предложија претходно овој септември. Според  графиконот погоре, главната разлика помеѓу двата закони се состои од нивниот пристап кон оданочување.

Како што објасни Cointelegraph, првиот предлог нуди данок од 5% за физички и правни лица кои работат со виртуелна валута, како што се монети и токени. Почнувајќи од 1-ви јануари 2024-та година, данокот за деловни приходи од крипто ќе се зголеми до 18%. Ова, во документот се наведува, може да и помогне на Украина да собере дополнителни 1,27 милијарди хривнии (43 милиони долари) во буџетот на годишно ниво од 2019-2024-та година.

Како што објави Cointelegraph порано, Украина во неколку наврати ја изрази својата желба да создаде национална дигитална валута поврзана со локалната fiat (хривнија).

Нацрт-законот за криптовалути на Украина, исто така, содржи регулаторни одредби против перење пари, финансирање на тероризам и други криминални активности.

Претходно во јуни Украинската полиција уапси четворица мажи, осомничени за водење најмалку шест лажни крипто-размени. Подоцна, властите ги испрашуваа корисниците кои наводно биле измамени од лажните платформи.

Leave a comment