Украина ја заврши тест-шемата за e-hryvnia националната дигитална валута

Централната банка на Украина има завршено тест шема за својата национална дигитална валута, e-hryvnia, објави локалниот новински медиум Interfax Ukraine на 2-ри февруари.

Народната банка на Украина (NBU), која го разгледува овој концепт најмалку една година, започна со тестирање во декември 2018-та година, објави шефот за нејзините платежни мрежи и иновативен оддел за развој Александр Јаблунивски.

“На крајот од минатата година започнавме практичен тест, кога тест субјектот беше објавен за вработените во NBU според сегашната методологија, со цел да се проценат аспектите на неговата практична примена и способноста на централната банка да ги реализира идните проекти, како и да добие повратни информации од корисниците”, го цитираше Intefax.

Украина моментно во голема мера се потпира на готовински плаќања, нешто што владата е во обид да го промени според претходните соопштенија за шемата за e-hryvnia.

Украинските законодавци ги продолжуваат напорите за создавање соодветна легислатива за покривање на поширокиот крипто пазар, но тие забележаа мешани критики, при што самата NBU тврдеше дека премногу регулатори се активни во просторот.

Банката сега ќе го разгледа својот следен потег, бидејќи ги анализира резултатите од тестот, додаде Јаблунивски.

“Можеме дури и да кажеме дека сме во предност пред глобалните лидери [во националната дигитална валута], со оглед на тоа што направивме чекор во спроведување на практични истражувања, иако тој чекор е мал”, коментираше тој.

Јаблунивски, исто така, наведе дека e-hryvnia не треба да се меша со криптовалута:

“Ние не зборуваме за криптовалута, ние зборуваме за дигитална валута на централната банка. Може да се имплементира заедно со технологијата на централизиран регистар и децентрализирана технологија.”

Во јануари 2018-та година, NBU објави дека размислува за дигитална верзија на својата валута која не е базирана на блокчејн технологијаР

Различни фактори лежат зад желбите на државите да издаваат дигитални верзии на нивната fiat валута. Во случајот со најширокиот познат пример, контроверзната Petro на Венецуела, дигиталниот токен создаде втора циркулирачка валута која се уште е под покровителство на централната власт.

Leave a comment