Украина: Фармачи на крипто уапсени за загрозување на безбедноста на нуклеарна централа

Безбедносната служба на на Украина (SBU) уапси оператори на електроцентрали затоа што фармале криптовалути во објект за нуклеарна енергија во Јужноукраинск.

Веб-страницата за вести на англиски јазик UNIAN ги објави деталите за апсењето на 21-ви август. Според нејзиниот напис, крипто фармачите ја загрозиле безбедноста на нуклеарниот објект преку онлајн-врската на нивните фармачки уреди – и, наводно, издале доверливи информации за физичката заштита на системот на централата.

Детективите на SBU добија налог за пребарување и спроведоа истрага на 10-ти јули. Тие пронајдоа неовластена компјутерска опрема и заплениле конвертор за медиуми, фибер-оптички кабел и делови од мрежен кабел.

Нуклеарни инженери се обиделе да фармаат Биткоин со суперкомпјутер

Голем број инженери во Рускиот Федерален нуклеарен центар беа уапсени во февруари 2018-та година за обид за фармање на Биткоин (BTC) користејќи еден од најголемите суперкомпјутери во земјата.

Компјутерот, наводно, можел да изврши 1.000 трилиони пресметки во секунда и намерно се чува офлајн заради безбедност. Татјана Залескаја, раководител на прес-службата за истражувачкиот институт, во тоа време изјави:

„Имаше несакан обид да се користат компјутерски капацитети за приватни цели, вклучително и т.н. крипто фармање […] тоа е технички безнадежно и активност која се казнува кривично“.

Нуклеарна енергија и блокчејн

Минатиот октомври Руската државна корпорација за нуклеарна енергија Rosatom објави дека тие ќе развијат блокчејн технологија за енергетскиот сектор, како и Интернет на нештата (IoT) и технологија за вештачка интелигенција (АI). Шефот на IT одделот на Rosatom, Евгениј Абакумов изјави:

„Ние сме посветени на интегрирање на 4.0 технологии во поширок обем. IoT, AI, блокчејн и други треба да ја зголемат ефикасноста на процесот на производство.“

Rosatom, од прес време, бараат да вработат нов талент за развој на енергетската технологија во овие три категории.

Leave a comment