Украина: Министерството за економски развој и трговија ја започна државната политика за легализирање на крипто

Министерството за економски развој и трговија на Украина започна “државна политика” за класификација и легализација на активности поврзани со крипто, излезе со соопштение Украинската државна новинска агенција Ukrinform на 26-ти октомври.

Министерството, наводно, издаде официјално соопштение за медиумите во кое се наведува дека неговата цел е “да создаде разбирливи услови за спроведување активности во областа на виртуелните средства и виртуелни валути” и да влезе во “концептот на усвојување на државна политика” за крипто.

За таа цел,  предложи воспоставување на правни дефиниции за клучните термини, вклучувајќи ги и “виртуелната валута” (“криптовалута”) “виртуелни средства”, “Почетни понуди” (ICOs или ITOs), крипто фармање, “паметни договори” и “токени”.

Ukrinform известува дека концептот се очекува да се спроведе во две фази и ќе биде завршен во 2021-ва година.

Иако Украина до сега не го регулираше криптото, првите знаци дека земјата беше на вистинскиот пат за легализација се појавија во средината на мај, кога еден член на парламентот, Алексеј Мушак, приложи копија од  документи за очигледен нацрт-закон за крипто за јавноста на неговиот Facebook профил.

Во документот е наведено дека законодавството има за цел да создаде “слободен и транспарентен” пазар на дигитални средства, во кој ќе бидат наведени правилата за чување, користење и размена на крипто, дигитални токени и паметни договори на државно, ентитетско и индивидуално ниво.

Во средината на септември, парламентот на земјата предложи нацрт-закон со кој, ако биде потпишан, ќе се наметне данок од пет отсто на крипто-холдинзи на поединци и ентитети. За бизнис крипто-поврзаните профити, тој ја предложи основната корпоративна и лична доходна стапка од 18 отсто.

Алтернативен предлог-закон со кој се предлагаат специфични исклучоци за крипто даноците и малку поинаква дефиниција на различни видови на крипто имот беа изнесени од страна на Украинското законодавство на почетокот од октомври.

Од средината на октомври, посветена работна група во рамките на Министерството за финансии, наводно, работи на елаборирање на рамката за крипто оданочување.

Паралелно, Народната банка на Украина (NBU) размислува за државна дигитална валута врзана за локалната fiat валута, хривниа, која ќе биде централизирана и останува под контрола на владата.

Leave a comment