УЕФА имплеметираше блокчејн систем за наплаќање на билети

Сојузот на европски фудбалски асоцијации (УЕФА) успешно го постави новиот систем за продажба на билети преу мобилни телефони базиран на блокчејн технологија, според соопштението од 16-ти август.

По “успешното спроведување” на блокчејн системот за купување на билети од кои 50% од влезниците за финалето на УЕФА  Лига Европа во Лион во мај можеа да се купат на овој начин, УЕФА одлучи да го зголеми досегот на технологијата “до целата јавност” во Естонија.

Официјалното соопштение на УЕФА објави дека “100% од билетите за фудбалскиот натпревар на УЕФА Супер Купот помеѓу Реал Мадрид и Атлетико Мадрид, што се одржа во Талин, Естонија на 15-ти август, беа распродадени со користење на iOS или Android апликација базирана на блокчејн.

УЕФА ќе продолжи да ја развива употребата на блочејн систем за дистрибуција на билети за идни настани, гласеше во објавата, додатно на ова:

“УЕФА се труди да го направи процесот на продажба на билети поедноставен и побезбеден- благодарение на новиот систем кој има за цел да обезбеди сигурна дистрибуција на билетите и што ќе спречи репликација и дуплирање на истите.”

Претходно ова лето, Cointelegraph објави описна статија за тоа како да се користат криптовалутите за време на ФИФА Светското првенство 2018-та во Русија. И оваа зима, Харунустаспор, турски фудбалски тим, објави дека делумно платил за еден од своите играчи во Биткоин (BTC).

Leave a comment