Турска агенција за недвижности продала 9 куќи за Биткоин

Турската агенција за недвижнини Antalya Homes досега продала девет имоти користејќи биткоин, главно на странски купувачи. Куќите чинат најмалку 30.000 евра (33.900 долари), соопшти агенцијата, која исто така прифаќа и други криптовалути како bitcoin cash, ethereum, stellar, ripple, litecoin и tether.

“Крипто купувања на имот се сигурни и побрзи”

Претседавачот на Antalya Homes Бајрам Текче, изјави дека купувањето на недвижнини со криптовалути доаѓа со повеќе предности. “Плаќањето со криптовалути овозможува посигурни и побрзи трансакциски перформанси, како што е трансферот на пари помеѓу банкарските сметки без загуби од девизните курсеви”, беше цитиран во една статија на Business Standard на 5-ти март.

Турција продолжи со подемот во користењето криптовалути исто така и во својот имотен сектор, поттикнати од силната побарувачка од странските државјани. Во 2018-та година, инвеститорите од странство купија 40.000 имоти во Турција, што е зголемување за повеќе од 80 отсто од претходната година. Цел на странските купувачи биле домови во Истанбул, регионот Анталија и други крајбрежни области.

Текче, чија компанија започнала да прима криптовалути минатата година, изјави дека Antalya Homes креирала опција “Плати со Биткоин” на својата веб-страница за да им помогне на оние кои имаат намера да купат имот на овој начин. Претседавачот на компанијата не разјаснил како се врши плаќањето во Биткоин.

“Многу е профитабилно да се купи недвижен имот за оние кои сакаат да ги искористат своите крипто инвестиции во секторот на недвижнини”, рече тој. “Со инвестирањето во земји како Турција, каде што домувањето станува се повеќе вредно, инвеститорите можат да ги префрлат своите инвестиции во помалку ризично и побезбедно подрачје и да ги зголемат своите заштеди”.

Употребата расте

Прифаќањето на Биткоин како средство за плаќање постојано се зголемува со текот на годините. Криптовалутите веќе се користат во многу индустрии, вклучувајќи автомобилската, патувачката и информатичката и сега навлезе во Турскиот сектор за недвижнини, иако агентите во други земји веќе продаваат имот користејќи крипто.

Leave a comment