Турската полиција уапси 24 осомничени вклучени во хакерски напад на крипто фирма

Турската полиција уапси 24 лица, наводно, вклучени во хакерски напад во кој биле украдени 13 милиони турски лири (2,47 милиони американски долари) од неименувана крипто-фирма во Истанбул, објави владиниот медиум, Daily Sabah, на 12-ти февруари.

По извештајот за наводниот хакерски напад на крипто компанија во Истанбул, Одделот за сајбер криминал на градската полиција откри дека украдените пари биле префрлени директно од хакираните акаунти на акаунти на други берзи. Парите, наводно, биле украдени во големи криптовалути, вклучувајќи Биткоин (BTC), Еthereum (ЕТH) и Ripple (XRP).

Турската полиција понатаму отпочна операција за следење на осомничените и откри дека осомничените лица комуницирале преку популарната multiplayer battle royale игра наречена PlayerUnknown’s Battlegrounds (PUBG).

Според извештајот, полициските рации биле извршени во осум Турски провинции, вклучувајќи ги Истанбул, Анкара, Измир, Афјонкарахисар, Бурса, Едрене, Болу и Анталија. Како резултат на операциите, полицијата заплени 54.000 долари или околу 10.000 долари во готовина и 1.3 милиони лири во крипто вредност (околу 246.000 долари).

22 осомничени, наводно, биле упатени во истанбулскиот суд Çağlayan, додека другите двајца биле ослободени од обвинителите откако нивните законски процедури биле завршени во полициската станица. На крајот, шестмина од осомничените беа уапсени од страна на судот, со 16 осомничени ослободени под судска контрола.

На 13-ти февруари исто така, полицијата од Нов Зеланд објави дека неодамна хакерски нападнатата Cryptopia е подготвена да се врати и да продолжи со операциите, додека веб-страницата на берзата сѐ уште била офлајн со нејзините социјални медиуми исто така неактивни.

На почетокот на месецот, 20-годишен Американец се изјасни за виновен за кражбата од 5 милиони долари во криптовалути од 40 жртви преку замена на сим картички и прифати договор за помилување од 10 години затвор.

Leave a comment