Тргувањето со биткоин во Саудиска Арабија е нелегално предупредуваат мониторинг групите

Владината комисија составена од регулатори на Саудиска Арабија издаде соопштение во кое се објаснува дека крипто-прометот е нелегален во кралството.

Според изјавата објавена во неделата, постојаната комисија предупреди да не се тргува со криптовалути, поради “негативни последици и високи ризици кај трговците, бидејќи тие се надвор од владиниот надзор.”

Потоа додаде:

“Комисијата заклучи дека виртуелната валута, вклучително, но не ограничувајќи се на биткоините, се нелегални во кралството и ниту една партија или поединци не се лиценцирани за ваквите практики.”

Изјавата не укажува на какви последици би се изложиле тие  кои  што тргуваат со криптовалути.

Воведена со врховен декрет, Постојаниот комитет за подигнување на свеста и справување со неовластените хартии од вредност на девизниот пазар беше формиран од пет мониторинг групи на земји од Блискиот Исток, вклучувајќи ја и Управата за пазарен капитал (CMA) и Монетарната управа на Саудиска Арабија (SAMA), де факто централна банка на земјата.

Како и нејзиното овластување над неовластени хартии од вредност, комисијата, исто така, има надлежност да ги известува релевантните агенции за активностите на виртуелната валута со цел да ја намали нивната изложеност кон јавноста.

Предупредувањето следи по критична забелешка од саудискиот принц Ал-Валед бин Талал во декември 2017-та година, во која тој рече дека биткоин “ќе распадне еден ден”.

Принцот, исто така, ја спореди најголемата криптовалута во светот според пазарната проценка со Еnron, енергетска компанија во САД која се распадна во раните 2000-ти години по откривање на масовни сметководствени измами.

Leave a comment