Трамп вели дека САД треба да ја престигнат Кина во играта на печатење на пари

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, предложи САД да ги “стигнат” кинеските и европските валутни манипулации, предизвикувајќи пад во вредноста на доларот.

Претседателот ги сподели своите мисли во твит, објавен на 3-ти јули:

“Кина и Европа играат голема валутна игра со манипулација и пумпање пари во нивниот систем, со цел да се натпреваруваат со САД. Треба и ние да се натпреваруваме, или да продолжиме да седиме и учтиво гледаме додека другите земји продолжуваат да ги играат своите игри – како што го прават тоа многу години наназад!”

Обновениот напад доаѓа и покрај фактот што администрацијата на Трамп формално престана да ја обвинува Кина дека ја девалвира својата валута за да добие нефер трговски предности пред само два месеци.

На крипто Twitter и Reddit исто така, коментаторите брзо забележаа дека во монетарната политика за “трка до дното”, твитот на Трамп е со “директна цел […] за да се купува биткоин”.

Членка на федералниот одбор на Трамп, Џуди Шелтон, само претходниот ден напиша на Twitter дека “ќе се залага за поддршка на економската агенда на САД за про-раст со соодветната монетарна политика”.

Во твитот објавен на 3-ти јули, аналитичарот на eToro Мати Гринспен го потврди верувањето дека влијанието на макроекономските трендови врз биткоинот веќе е реалност, наведувајќи:

“Моето разбирање е дека политиката на централната банка е најголем двигател на сите пазари, вклучувајќи го и крипто”.

Провокацијата на претседателот испрати нови разбранувања низ Европа, при што еден стручњак за стратегии за размена на валути изјави за CNBC дека стравува дека администрацијата би можела да удри на “компензациските тарифи” на ЕУ авто-секторот, што го оправдува како одговор на она што Департментот за трговија смета дека е вештачка девалвација на валути во одредени земји.

Други стратези за валути го спомнаа неочекуваниот тајмингот на обновениот напад врз валутната политика на Кина, тврдејќи дека јуанот очигледно не бил изманипулиран во изминатите неколку години.

Со политичарите правејќи ги националните девизни валути свое “оружје” за напредок во трговијата, аргументот за крипто како средство за прибежиште се појавува повеќе  од кога било.

Во забелешките претходно оваа недела, коосновачот на Morgan Creek Digital Assets, Ентони Помплиано, предвиде дека биткоин (BTC) ќе достигне 100000 долари до крајот на 2021-ва година, повикувајќи се на сегашната клима на глобалната нестабилност како главен двигател.

Leave a comment