Топ 5 крипто и блокчејн евенти кои сите ги чекаме во 2019-та година

Додека крипто индустријата поминува низ многу груба фаза, тука се и петте настани што се очекува да ја постават насоката за раст на крипто пазарот во 2019-та година.

Во текот на последните неколку месеци, бевме сведоци на големо забавување на крипто пазарот. Исто така, регулаторната несигурност околу крипто пазарот продолжува да преовладува без јасен пат кон напред. Сепак, ова не ги запре некои од главните играчи на индустријата да се движат напред со надеж за посветла иднина.

Еве еден поглед на некои од првите пет настани кои ќе доведат до потенцијално менување во крипто-секторот.

1. BitTorrent Token (BTT) Airdrop ќе започне од 28-ми јануари

Претходно овој месец, платформата за споделување на peer-to-peer фајлови, BitTorrent, го објави лансирањето на својот токен BitTorrent (BTT) на блокчејн мрежата на Tron. Како дел од нивното проширување во иднина, Тron го купи BitTorrent минатата година за 140 милиони долари. BTT Token ќе работи на Tron протоколот со TRC-10 компатибилност.

Напредокот направен од страна на блокчејн мрежата на Tron во текот на минатата година предизвика огромна доверба меѓу играчите во индустријата. Голем број на крипто берзи како Binance, Huobi и OKEx ветија поддршка за да го наведат BTT токенот на нивните листи. Binance објави дека ќе ја започне продажбата на токенот од 28-ми јануари преку својата платформа Binance Launchpad. За платформата изјавија:

“Binance Launchpad ќе започне со продажба на токенот BitTorrent (BTT) на 2019/01/28 15:00 (UTC). Ќе има две симултани продажби на токени, прифаќајќи ги BNB и TRX, соодветно.”

По лансирањето на 28-ми јануари, продажбата на токени ќе продолжи до 3-ти февруари. Од друга страна, BitTorrent Foundation објави дека ќе започне со airdropping на BTT токените до TRX сопствениците од 11-ти февруари, следниот месец, а тоа ќе продолжи до 2025-та година.

2. Лансирањето на Bakkt платформата

Влезот на големите финансиски институции во крипто-секторот би можел да предизвика понатамошно усвојување. NYCSE матичната компанија на Intercontinental Exchange (ICE) го објави лансирањето на Bakkt платформата минатата година околу август. Платформата Bakkt има поддршка од големите глобални институции од технолошкиот, финансискиот и малопродажниот простор. Некои од големите имиња кои го поддржуваат Bakkt ги вклучуваат Microsoft, BCG и Starbucks.

Лансирањето на платформата Bakkt најверојатно ќе се случи следниот месец во февруари 2019-та година. Со лансирањето на Bakkt платформата, истовремено можеме да го видиме лансирањето на Bakkt Bitcoin Futures кои би можеле да го отворат крипто пазарот со институционален капитал. Тековната регулаторна несигурност предизвика неколку одложувања во лансирањето на Bakkt. Освен тоа, затворањето на американската влада дејствува како главен клуч во тркалото.

Сепак, главниот тим на Bakkt продолжува да оди напред со основните развои. На почетокот на 2019-та година, Bakkt собра 182 милиони долари од 12 инвеститори од висок профил, како дел од нејзиното проширување во иднина. Во вторникот, на 22-ри јануари, Bakkt исто така најави нови вработувања во компанијата.

3. Претстојниот Constantinople Hard Fork во мрежата на Ethereum

Целата крипто заедница чека на претстојниот Constantinople Hard Fork во мрежата на Ethereum. Се очекува овој hard fork да донесе серија подобрувања во мрежата на Ethereum, во смисла на приспособливост и брзина на работа.

Иако основниот тим за развој на Ethereum активно работи на hardfork, лансирањето на Constantinople постојано се одложува поради една или друга причина. Constantinoplе претходно требаше да се одржи во ноември 2018-та година, меѓутоа, се одложи поради повеќе причини.

Неодамна, фирма за ревизија на smart contracts, ChainSecurity откри критична безбедносна ранливост во протоколот EIP 1283. Ранливоста може да го олесни потенцијален хакерски напад што им овозможува на напаѓачите да украдат средства. Ова го поттикна лансирањето на Constantinople до крајот на февруари. Сепак, тимот на клучните девелопери дошол до заеднички консензус и планирана стратегија за “two forks” за безбедно лансирање на Constantinople.

Ethereum во моментов се соочува со огромна конкуренција од други нови играчи како EOS, Tron, Stellar итн.

4. Лансирањето на Telegram Open Network и Gram Token во март 2019-та година

На почетокот на 2018-та година, се појави првиот извештај на популарниот месинџер Тelegram за лансирањето на неговата блокчејна мрежа. Наречен како Telegram Open Network (TON), блокчејнот на Telegram, наводно, ќе има многу супериорни карактеристики за разлика од блокчејната мрежа на Ethereum. TON мрежата наводно ќе процесира милиони трансакции во секунда.

Претходно, Telegram објавија дека ќе лансираат своја сопствена ICO-форма на “Gram” токени отворени за јавноста. Сепак, до март 2018-та година, компанијата успеа да собере неверојатни 1,7 милијарди долари со продажбата на ICO. Подоцна до мај 2018-та година, компанијата ги откажа своите планови за јавното отворање на ICO, наведувајќи дека немаат доволно средства.

Конечно, на тековниот Светски економски форум во Давос, Швајцарија, тимот зад проектот ТОN го потврди лансирањето на мрежата ТОN и Gram-токените во март 2019-та година. Според последниот извештај на CoinSpeaker, ТОN има завршено 90% од својата развојна работа.

Telegram има намера да заштеди најмалку 52% од Gram со цел да ја заштити валутата од шпекулации и да обезбеди флексибилност. 44% ќе бидат реализирани, а 4% ќе бидат за вработените во Telegram.

5. Одобрување на Bitcoin ETF од страна на SEC

Одобрувањето на Bitcoin ETF е еден од најпознатитe настаните за кој се зборува во крипто заедницата. Пристигнувањето на институционални производи, како Bitcoin Exchange-Traded-Fund (ETF) може да види голем прилив на капитал во слабиот крипто пазар.

Сепак, се чини дека доаѓањето на Bitcoin ETF ќе биде далечен сон. SEC се доста сигурни за својата одлука да не го одобрат ETF производот велејќи дека крипто пазарот не е подготвен за тоа. Наведувајќи повеќе хакерски настани во текот на изминатата година, претседателот на SEC, Џеј Клејтон, изјави дека на крипто берзите им недостигаат софистицирани алатки за справување со нелегални активности за манипулација на пазарот.

Уште една криза во овој натан е тековното исклучување на владата на САД, кое дополнително ги одложува плановите во одобрувањето на VanEck Bitocin ETF. Ако ова не беше доволно, CBOE конечно одлучи да го повлече својот предлог од VanEck Bitcoin ETF. Зборувајќи со CNBC, основачот и извршниот директор на VanEck, Јан Ван Ек, изјави:

“Ние се обидувавме да го сториме тоа, но очигледно не можеме да имаме состаноци кога тие се затворени”, изјави Ван Ек за “ETF Edge” на CNBC. Наместо да се обидуваме да ja протнеме или нешто слично, едноставно ја повлековме апликацијата.”

Leave a comment