Токенизирање на спортoт – како индустријата го инкорпорираше крипто

Криптовалутите и дигиталните токени станаа моќни алатки за различни индустрии во текот на изминатите неколку години, а светот на спортот не е исклучок. Спортските навивачи се познато страствени за тимовите што ги поддржуваат, и постои голем пазар за сè од нив, од билети до сувенири, колекционерски предмети и содржини.

Како што светот продолжува да се движи преку интернетот, спортските тимови и организации почнуваат да ја прифаќаат употребата на криптовалути и дигитални токени за да им овозможат на навивачите кои ги користат овие нови технологии пристап до ексклузивни содржини и предмети. Овој потег кон крипто прифаќање се случуваше некое време во спортскиот простор. Уште во 2014-та година, NBA тимот Сакраменто Кингс почна да го прифаќа Биткоин (BTC) како начин на плаќање за билети и предмети, прв ваков потег во спортската индустрија.

Од тогаш па навака, многу организации почнаа да ја истражуваат употребата на дигитални токени. Во оваа статија, ги разгледуваме најголемите спортски тимови и начинот на кој тие ги прифаќаат дигиталните токени и криптовалутите за да им обезбедат на своите фанови најнова е-трговија и кориснички ангажман.

Фудбалот имаше добар резултат со крипто

Фудбалот – е далеку најпопуларниот спорт на Земјата. Според ревизијата на FIFA за податоците за публиката по Светското првенство во Русија во 2018-та година, над 3,5 милијарди луѓе се вклучија да го следат глобалното шоу. Овој број сугерира дека половина од светското население фати дел од акцијата за време на натпреварите. Со оглед на потенцијалниот број на луѓе кои ги допрел овој спорт, секој производ или реклама поврзани со најголемите фудбалски брендови речиси е загарантирано да имаат корист од изложеноста.

Фановите имаат значително ненаситен апетит за сувенири, вклучувајќи и нешто од дресови до потпишана облека. Најголемите фудбалски тимови имаат огромни бази на навивачи низ светот, кои бараат поинтересно искуство за поддршка на нивниот тим. Голем број од најголемите тимови во Европа го усвоија блокчејн решението кое им дава на навивачите голем број на алатки за генерирање на токени за да комуницираат со тимот. Јувентус, Париз Сен Жермен, Вест Хем и Рома се ангажираа во сопствени партнерства со блокчејн платформата за ангажман на фанови наречена Socios.

Платформата им овозможува на овие тимови да лансираат свои фан-токени, кои потоа навивачите можат да ги користат на платформата. Користејќи ги своите токени, тие можат да учествуваат во гласовите за работи како промени во клубот, додека пак имаат пристап до ексклузивни содржини и сувенири. Socios има два типа на механизми за гласање: обврзувачки и необврзувачки. Со обврзувачки глас значи дека клубот треба да го спроведе она што е резултат на гласањето. Значи, ако обожавателите гласаат за промена на бојата на клубскиот дрес, клубот ќе мора да го исполни своето ветување. Со оглед на тоа што гласовите се спроведуваат на блокчејна платформа значи дека тие не можат да се менуваат или да се избришат.

Тоа е интересен случај на употреба за блокчејн, и фактот што овие клубови од висок профил го прифатија истиот е одлично одобрување за овој сектор. Системот на Socios користи Chiliz крипто токен. Компанијата неодамна објави ново партнерство со големата платформа за крипто размена Binance. Дел од овој договор значеше и поставување на Chiliz на крипто листата на Binance.

Исто така, Португалскиот фудбалски клуб Бенфика почна да прифаќа крипто исплати за производи и билети во јуни 2019-та година, преку крипто платформата Utrust. Потегот главно беше насочен кон задоволување на барањата на над 7 милиони навивачи на социјалните медиуми. Поддржувачите можат да направат купувања користејќи BTC, Етер (ЕТH) и Utrust токени.

Освен сите овие зделки и поддршка, голем број истакнати фудбалери, како што е ѕвездата на фудбалскиот клуб Барселона, Лионел Меси, исто така промовираше разни проекти за криптовалути и блокчејн.

Крипто рекламирање во спортови

Спортот и обложувањето имаат долга заедничка историја, а второто е суштински поврзано со првото. Криптовалутите ги гледаме како средство за олеснување на коцкањето и обложувањата. Успехот на компаниите за обложување се должи на тоа што многумина станале главни спонзори на спортски тимови низ целиот свет. Компаниите за крипто обложување, исто така, склучија партнерство со едни од најголемите фудбалски страни на англиската Премиер лига кои прифаќаат вакви спонзорства.

Во 2018-та година, Премиерлигашкиот клуб Арсенал потпишаа договор за рекламирање со казиното CashBet со седиште во Калифорнија. Компанијата требаше да ја лансира својата сопствена криптовалута , монетата CashBet, во јануари 2019-та година. Во договорот стои дека Арсенал, за време на домашните натпревари на Емирати стадионот, мора да го рекламира CashBet низ целата сезоната на Премиер Лигата.

Друг клуб на Премиер Лигата, Вулверхемптон Вондерерс, има тековен договор за рекламирање со крипто берзата CoinDeal. Логото на компанијата се појави на ракавите на дресовите за време на сезоната 2018-2019 – и двете страни сега се согласија на нов договор за претстојната фудбалска сезона.

Исто така 2018-та година, eToro ја разбранува јавноста со спонзорство за рекламирање, вклучувајќи седум клубови на Премиер Лигата, кои целосно биле платени со Биткоин. еТоrо како бренд беше прикажан на теренски рекламни табли и други медиуми. Њукасл, Тотенхем, Брајтон, Кардиф, Кристал Палас, Лестер Сити и Саутемптон беа дел од договорот направен минатата година. Кампањата, исто така, вклучуваше и лансирање на eToro FC, кој им обезбеди едукативен материјал, туторијали и вести за пазарот на членовите на заедницата.

И во 2019-та видовме договори меѓу крипто фирми и спортски тимови. Во САД, NBA тимот на Кливленд Кавалиерс објави ново партнерство со крипто берзата UnitedCoin со кое фирмата ќе се рекламира на стадионот на тимот. Исто така, ќе биде промовирана и на социјалните медиумски платформи на клубот и за време на онлајн натпревари.

Потоа, Мајами Долфинс се здружија со Litecoin (LTC) како официјална криптовалута на овој NFL тим. Според договорот, Litecoin ќе биде рекламиран преку негово брендирање на стадионот на тимот. Фановите на тимот исто така ќе можат да купат билети користејќи Litecoin и Биткоин, при што половина од тие средства ќе одат во добротворни организации поддржани од тимот.

Само делче од работите што тек треба да дојдат?

Не постои негирање на влијанието и достигнувањето кое го има спортот низ целиот свет. Бројките за публиката за најпопуларните спортови се во стотици милиони и ова има огромен потенцијал за маркетинг. Со оглед на тоа што криптовалутите и блокчејн технологијата постојат само една деценија, нивното ширење во овој сектор е импресивно.

Партнерствата со најголемите тимови во европскиот фудбал, како и пробивањето кон американската публика преку кошарката и американскиот фудбал, не можат да бидат потценети, а самото рекламирање е обврзано да ги воведе новите корисници во светот на криптовалутите и блокчејн.

Лесно е да се замисли дека ангажманот на онлајн навивачи и продажбата во иднина ќе бидат водени од платформи, а тимовите кои веќе ги истражуваат овие можности би можеле да имаат голема предност над оние што досега не се заангажирале. Спортот секогаш ги зближувал луѓето и влијае врз животот на многумина – а правилните кампањи и алатки се обврзани да успеат кога ќе се здружат со правилните платформи.

Leave a comment