Тим Драпер предвидува дека крипто ќе владее, за 5 години само криминалците ќе користат готовина

Инвеститор милијардер и познат биткоин (BTC) bull Тим Драпер, тврдеше дека за пет години, само криминалците ќе користат fiat како што крипто станува универзално распространето. Драпер ги искажа своите тврдења во интервју за Американскиот финансиски телевизиски канал Fox Business на 18-ти февруари.

Повторувајќи ги неговите претходни изјави каде што предвидува дека fiat парите ќе станат смешни и застарени за пет години, Драпер ја елаборираше неговата прогноза, наведувајќи дека никој освен криминалците нема да користи кеш, бидејќи криминалците кои користат крипто може да се следат преку блокчејн. Тој изјави:

“Криминалците се уште ќе сакаат да работат со пари, бидејќи ги фаќаат сите што се обидуваат да го користат Биткоин”.

Во август 2018-ta година, агент на Администрацијата за борба против дрога на САД истакна дека таа претпочита луѓето да продолжат да користат криптовaлути, бидејќи блокчеjнот обезбедува алатка за идентификација на криминалците.

Во интервјуто, Драпер, исто така, изјави дека верува дека неговите пари во банка се помалку сигурни од неговите пари во Биткоин. “Мојата банка постојано е подложена на хакерски напади”, изјави Драпер, додавајќи дека до денес, никој не успеал да го пробие блокчејнот на Биткоин.

Тврдејќи дека неговиот Биткоин е посигурен од доларот, биткоин милијардерот ги споредил исплаќањата во Биткоин со размената на злато, тврдејќи дека нема смисла да се враќаме назад во времето додека иднината се биткоин и другите криптовалути.

На прашањето колку крипто поседува, Драпер даде краток одговор: “многу”.

Неодамнешната изјава на Драпер го повтори ставот на младиот биткоин милионер Џереми Гарднер, кој изјави дека постојниот финансиски систем е многу подобар за правење на нешта како што е тероризам и злосторства, отколку што можеби блокчејн технологијата некогаш ќе биде.

Во ноември минатата година, Тим Драпер ја потврди својата Биткоин прогноза од април 2018-та година дека најголемата криптовалута ќе се тргува до 250,000 долари за монета до 2022-ра година. Во меѓувреме, Биткоин забележа значителен пораст неодамна, скокна за 7,6 отсто во текот на денот и тргуваше со 3,976 долари од прес време, според CoinMarketCap.

Leave a comment