Телефонот HTC Exodus ќе поддржува Crypto Wallet, CryptoKitties, наместо на матичен блокчејн

Електронскиот гигант “HTC” нема да издаде паметен телефон со матична блокчејн мрежа за крипто-тргување меѓу корисниците, како што претходно беше најавено, објави “The Verge” на 10-ти јули. Наместо тоа, компанијата ќе воведе паметен телефон кој содржи cryptocurrency wallet и CryptoKitties, децентрализирана апликација базирана на Ethereum (DApp) игра.

На 15-ти мај, електронската фирма со седиште во Тајван прв го откри својот проект за паметни телефони, HTC Exodus, кој наводно, ќе вклучува поддршка и за мрежите на Биткоин (BTC) и Ethereum (ETH). The Verge објави во мај дека компанијата планира да создаде производ со “матична блокчејна мрежа која ги користи Exodus телефоните како јазли кои го поддржуваат криптовалентното тргување помеѓу корисниците.”

Фил Чен, творецот на HTC Vive и шеф на одделот за бизнис и корпоративен развој на HTC, рече дека тој замислувал производ кој ќе им овозможи на корисниците “навистина да ги поседуваат своите податоци […] без потреба од централните власти”.

Сепак, во разговор со The Verge оваа недела, Чен рече дека телефонот кој им овозможува на корисниците да го поседуваат својот идентитет е се уште се наоѓа во иднината, а Exodus – кој треба да биде објавен во 2018-та година – ќе вклучува само матичен crypto wallet и CryptoKitties.

Чен, исто така, спомена дека HTC планира да го вклучи крипто-фармањето на мобилен, истакнувајќи дека тие веќе ги истражуваат можностите преку проверка на различни консензуални протоколи и може да издадат white paper за проектот подоцна оваа година.

The Verge забележија дека бројките на HTC се намалиле во 2018-та година: во првиот квартал од 2017-та година испорачале повеќе од 2 милиони производи, а во првиот квартал од оваа година компанијата испорачала само 630.000 уреди.

Минатата недела компанијата откри дека продажбата во јуни опаднала за 68%, додека нивниот најнов производ U12 Plus доби главно негативни критики. Во почетокот на јули, компанијата, исто така, во Тајван отпушти 1.500 вработени за да ги намали трошоците.

Исто така, оваа недела, Швајцарскиот Sirin Labs, изјави дека компанијата планира да го објави својот паметен телефон базиран на блокчејн, наречен Finney, во ноември оваа година. Во декември 2017-та година, Sirin Labs покрена 157,8 милиони долари за проектот за време на нивното ICO, со 110 милиони долари собрани во првите 24 часа.

Then Verge забележува дека додека цената на HTC Exodus се очекува да биде објавена до крајот на третиот квартал, Чен истакна дека неговата цена ќе биде “споредлива” со Finney, која има очекувана цена од 1.000 долари.

Во март Кинескиот технолошки гигант “Huawei” објави дека бара лиценца за SIRIN OS технологијата, развиена од Sirin Labs, со цел да го лансира својот сопствен блокчејн телефон базиран на DApps.

Leave a comment