Твитер промовираше крипто измама од лажен профил на Елон Маск

Верифициран твитер акаунт маскиран како Елон Маск беше искористен за да објави и циркулира спонзориран твит за крипто измама во четвртокот наутро на 11-ти октомври.

Сега веќе избришаниот твит беше објавен преку профилот @TylerFlorence, кој од прес време на оваа статија е сè уште достапен. Линкот вметнат во твитот насочува кон страница за подароци, што ги поттикнува корисниците да “пратат од 0,2 до 5 Биткоини до наведена адреса и ќе добијат за возврат од 1 до 100 Биткоини назад!”

Веста предизвика вознемиреност од корисниците кои го видоа твитот, обновувајќи нивната скептичност во врска со способноста на социјалните медиуми да се справат со ваквите типови на измами.

Инцидентот е значаен, со оглед на тоа што вклучуваше верификуван акаунт, но исто така и дека информациите во твитот беа промовирани преку спонзориран твит. Спонзорираните твитови се наплаќаат и генерално се користат од рекламни профили за да стигнат до поширока публика отколку што нормално би постигнале преку нивната постоечка мрежа на следбеници, искористувајќи ги трендовите за пребарување (во овој случај, јавниот интерес околу контроверзниот извршен директор на Tesla) за да ги зајакнат перформансите и нивната видливост.

Твитер веќе долго време се соочува со критики за распростанетоста на ваквиот тип на измами. Всушност, идентитетот на Елон Маск во минатото бил користен од други потенцијални измамници кои се надеваа дека ќе ја искористат популарноста на Маск, со цел да ги привлечат корисниците да размислуваат дека тој, всушност, дарува криптовалути.

Во август, група истражувачи објавија докази за голем botnet кој разгорува крипто измами на Твитер, користејќи фејк акаунти за да изгледаат дека вистинските луѓе се во интеракција со организаторите за подароците.

Тоа е проблем за кој и самиот Маск е целосно свесен, објавувајќи го проблемот минатиот месец. Во тоа време, тој побарал помош од членовите на крипто-заедницата, вклучувајќи го и креаторот на dogecoin, Џексон Палмер, во обид да ги блокира овие измами од неговиот твитер feed.

Твитер се уште нема дадено свој коментар за оваа случка.

Leave a comment