Тајванска болница лансираше блокчејн платформа за подобро чување на медицинските податоци

Taipei Medical University Hospital ја лансираше блокчејн платформата за подобрување на медицинската евиденција, објави Taipei Times на 31-ви август.

Таканаречената “Блокчејн платформа за здравствена заштита”, наводно, беше развиена со цел да се поддржи политиката на владиниот хиерархиски медицински систем, да се подобрат услугите за упатување на пациентите и да се интегрираат поединечни здравствени мрежи за да им се овозможи на луѓето полесно да пристапат до нивните медицински досиеја. За да направат барање за увид во нивната евиденција, пациентите можат да се најават на мобилна апликација заштитена со лозинка.

Проектот опфати повеќе од 100 клиники, кои користат блокчејн технологија за решавање на главните проблеми во здравството, како што се пренос на податоци помеѓу медицински установи и портали за пациентите. Преку платформата, пациентите можат да пристапат до “комплетен сет на сите нивни медицински досиеја, вклучувајќи ги медицинските слики со висока резолуција, резултатите од лабораторијата и информациите за клиничкиот и здравствениот тест”, додека болниците и клиниките можат да побараат, да овластат и споделат записи на пациентите со користење на паметни договори.

Болничкиот надзорник Чен Реј Џејд изјави за Tapei Times дека блокчејн ќе помогне да се минимизира ризикот од прекршување на безбедноста, додавајќи дека “блокчејната технологија не само што помага да се комбинираат електронските медицински досиеја со електронски здравствени досиеја од повеќе болници и клиники, туку и дополнително безбедносно известување и согласност пред да се случи било каков трансфер.”

Здравствените установи на глобално ниво исто така имаат применета дистрибуирана технологија во управувањето со медицинските податоци. Претходно овој месец, Cointelegraph објави дека јужнокорејското биотехнолошко претпријатие Macrogen заедно со локалната технолошка компанија Bigster развива голем медицински екосистем за податоци кој ќе овозможи безбедно и приватно складирање и трансфер на големи количества чувствителни геномни и лични информации.

Во мај, научниот пазар за истражување со седиште во САД, Scientist.com откри нова блокчејна платформа дизајнирана за следење и заштита на фармацевтски податоци. Покрај тоа, Scientist.com се обидува да го намали товарот на биофармацевските бизниси со усогласувањето со строгите прописи на САД за податоци.

Во април Германската консултантска група Camelot, развила решение за управување со чувствителни медицински податоци засновано на блокчејн, каде што сите трансакции на податоци се шифрирани и складирани на непроменлив блокчејн и се спроведуваат директно помеѓу овластените учесници.

Leave a comment