Судија во Калифорнија нареди обвинетиот хакер да плати кауција во крипто

На државјанин со српско-италијанско потекло му било наредено да плати кауција во крипто, додека тој се соочува со обвиненија дека ја пробил компјутерската мрежа на гејминг компанија во Сан Франциско.

Според соопштението на американското обвинителство, истрага на ФБИ открила дека поединецот Мартин Маршиќ,  илегално ја пробил мрежата на гејминг компанијата, добил пристап до околу 25.000 акаунти преку кои корисниците можеле да купат in-game производи.

Како и наводно, користејќи украдени информации за да купува и продава на предмети во играта, Маршиќ е обвинет и за продажба на пристап до акаунтите на dark market веб-сајтовите, во целост предизвикувајќи загуби од 324.000 американски долари за компанијата. Фирмата очигледно ги затвори засегнатите акаунти откако беше откриен упадот, се вели во извештајот.

Обвинетиот првпат се појавил на федерален суд во Сан Франциско на 9-ти август, откако, наводно, бил уапсен на Меѓународниот аеродром во Сан Франциско додека се обидел да се качи на летот за Србија.

На сослушувањето, судијата Корли рече дека Маршиќ може да биде пуштен на куќен притвор под услов да ја плати кауцијата со криптовалути во вредност од 750 долари.

Според извештајот на The Daily Post, помошникот окружен правобранител Абрахам Симонс рече дека најверојатно не е првпат криптовалутите да бидат понудени како кауција, бидејќи судиите можат да прифатат други средства, како што се и недвижниот имот.

Симонс изјави:

“Навистина не се знае што може да се случи, судијата може да донесе било каква пресуда. Целта е  обвинетиот по пресудата, да се придржува до наредбата да се појави подоцна.”

Маршиќ се соочува со максимална казна затвор од пет години и парична казна од 250.000 американски долари ако биде прогласен за виновен, објави адвокатската канцеларија.

Leave a comment