Судијата привремено ја разреши bitcoin cash судската постапка против Coinbase

Еден федерален судија ја отфрли тужбата против Coinbase, под обвинение дека платформата им наштетила на инвеститорите кога имала наведено bitcoin cash со дозволено инсајдерско тргување.

Во вторникот, Американскиот окружен судија Винс Чабрија, од северниот округ во Калифорнија, ја отфрли тужбата поднесена од жител на Аризона, Џефри Берк, против Coinbase, кој тврдеше дека платформата им дозволила на инсајдерите да тргуваат со bitcoin cash пред да се стави во листата на платформата. Ова им наштети на инвеститорите, изјави тој во март.

Во оригиналната жалба, поднесена во март, Берк тврдеше дека “изненадувачки, оние на кои им било дојавено [за bitcoin cash], веднаш ги преплавија Coinbase и GDAX [sic] со нарачки за купување и продавање, намалувајќи ја ликвидноста, но добивајќи BCH за фер цени. Ефектот на пазарот беше неправедно да се зголеми цената на BCH за не-инсајдерски трговци откако BCH дојде на ред на Coinbase платформата.”

Отфрлајќи го тужбата, судијата Чабрија напиша дека “жалбата на Берк не ја артикулира доволно правната основа за неговите тврдења”, и објаснувајќи дека “читателот на жалбата останува прашуван што би требало да направи поинаку од Coinbase или зошто bitcoin cash би поминал полесно ако Coinbase го направиле она што Берк мисли дека е соодветно”.

Со еден исклучок, сите тврдења на Берк биле отфрлени без предрасуди. Како резултат на тоа, Берк и неговите адвокати сега имаат три недели да поднесат изменета жалба.

Овој исклучок се врти околу барањето на Берк во врска со Commodity Exchange Act. Сепак, на Берк му недостига основата за таков аргумент, според Стефан Пали, адвокат од корпоративното адвокатско друштво Anderson Kill P.C.

Линда Грант, адвокат на Берк, изјави за CoinDesk преку е-мејл дека ќе поднесе ажурирана жалба во овој рок, иако не даде дополнителни детали.

“Ние имаме намера да ја измениме жалбата”, изјави таа.

Претставник за Coinbase одби да даде коментар за случајот.

Арбитража

Победата на Coinbase во добивањето на случајот (барем привремено) дојде заедно со загуба во друг предлог што го поднесе платформата.

Во својата пресуда, Чабрија го негираше барањето на Coinbase за принудна арбитражата, која се обиде да го присили Берк да седне на индивидуална арбитража, наместо да го продолжи случајот со потенцијално судење.

Coinbase тврди дека има право да ја принуди арбитражата според Кориснички Договор на кој Берк морал да се согласи за да се пријави на платформата. Сепак, судијата го отфрли ова барање без предрасуди (што значи дека Coinbase може да се обиде повторно откако е поднесена изменетата жалба на Берк).

Пали рече дека овој конкретен аспект на пресудата се издвојувал, додавајќи: “Моето гледиште за овој случај е тоа што ви кажува нешто за арбитражната клаузула на Coinbase.”

Без оглед на евентуалниот исход на овој случај, одлуката за предлог за принудување на арбитража е најверојатно онаа што ќе биде вратена во идните тужби, изјави Пали, објаснувајќи:

“Coinbase проба да изнуди арбитража,  и тоа што приметив е дека тоа очигледно им е многу важно за нив, тие би сакале да нема случаи или судења за нив во судот, тие претпочитаат тој да се обиде во арбитража, тие имаат арбитражен случај … [но] судот го негираше барањето во кое се вели дека арбитражната клаузула треба да важи само за работи кои се под договор”.

Тврдењето на Берк дека Coinbase им наштети на потрошувачите со тоа што дозволува манипулација на пазарот не потпаѓа под овој договор, според Чабрија.

Во неговата пресуда, судијата забележал дека барањето на Coinbase за разрешување на пресудата не се повикува на корисничкиот договор, и “проценката дали Coinbase се вклучила во манипулација на пазарот или неправедни деловни обичаи не бара “наведување на основниот договор или толкување на заедничкиот договор на двете страни”.

Движење нанапред

Пресудата е значајна за тоа како случајот може да продолжи, изјави Пали. Додека Coinbase има можност да поднесе друго барање за принудување на арбитража, изменетата жалба веројатно ќе се движи уште подалеку од корисничкиот договор отколку оригиналната.

“Пристоен адвокат нема да направи аргумент за губење кога веќе изгубил во тој момент”, изјави тој.

Како резултат на тоа, случајот може да продолжи преку судскиот систем.

Додека Пали не зборуваше за заслугите или тврдењата изнесени конкретно во тужбата на Берк, тој генерално го забележал тоа, ако тужбата се движи по предлогот за разрешување и откривање и е сертифицирана како колективна тужба, “во повеќето случаи овие работи се решаваат”.

“Ако сум една личност и изгубив 50 долари, тоа не е многу, но ако сум … да претпоставиме 10 милиони луѓе и сите изгубивме 10 долари тогаш тоа е 100 милиони долари. Предност на колективната тужб “, изјави тој.

https://www.scribd.com/document/391516485/ORDER-DENYING-MOTION-TO-COMPEL-AND-GRANTING-MOTION-TO-DISMISS#from_embed?campaign=SkimbitLtd&ad_group=100652X1574425Xa55f085af367f0cafbc7ebe9dbfdc577&keyword=660149026&source=hp_affiliate&medium=affiliate

Leave a comment