Студија: Крипто покриеноста во медиумите во пораст по пазарната рецесија

Една неодамнешна студија од истражувачка фирма Clovr, ориентирана кон блокчејн, откри дека покриеноста на крипто во главните медиуми се зголемува кога вредноста му опаѓа на паззарот. Анализата ја следи корелацијата помеѓу покриеноста на крипто вредноста во текот на изминатите пет години и мислењата во објавените материјали.

Во текот на своето истражување, Clovr анкетирал 48 мејнстрим Американски и меѓународни медиуми за делови од вести кои покриваа криптовалути од 1-ви јануари 2013-та година до 31-ви јули 2018-та. Сите статии беа анализирани користејќи алатки за анализа на мислења, Valence Aware Dictionary и sEntiment Reasoner ( VADER) и Natural Language Toolkit (NLTK) библиотеката во Python. Анализата вклучуваше целосен текст на 7.527 онлајн статии.

Во последните недели од 2017-та година крипто покриеноста во медиумите се ширеше по остриот пад на криптовалутите, што му се припишува на сливот на фактори како што се силните перформанси на altcoins и сопствениците на биткоин кои ги продаваат своите монети за да платат за празничните купувања. Истиот тренд беше објавен во мај и јуни 2018-та година, кога дополнителното намалување на крипто вредноста беше проследено со привремено зголемување на бројката ваквите статии. Студијата понатаму гласи:

“Во 2016-та година, позитивните статии далеку ги надминуваа негативните, во однос на обемот и интензитетот. Како покриеност се зголеми во средината на 2017-та година, сепак, статиите кои изразуваа негативни мислења се зголемија и станаа почести. Овој тренд беше поттикнат делумно од мрачните прогнози од страна на Ворен Бафет и Марк Кубан, кои претпоставуваа дека следи крипто ‘bubble’.”

Сајтовите за вести кои најчесто ги покриваат дигиталните валути, Clovr ги наведе Forbes и Business Insider, каде што “комбинираните 1.335 написи од овие два медиуми беа попозитивни од целокупното мислење на сите примероци на медиумска покриеност, додека само 413 од нивните статии беа негативни”.

CNBC објави речиси 1.000 крипто-поврзани статии за време на анализираниот период, при што 52.9% се позитивни и 47% се негативни. Во исто време, Aмериканскиот екстремно десничарски веб-сaјт на Breitbart News, заедно со Американска организација за вести наклонета кон левичарите, Raw Story, заедно објавиле 91 негативни статии и само една позитивна. Написите на Reuters, USA Today и Gizmodo, наводно, значително се намалиле со текот на времето.

Користењето на биткоин за комерцијални плаќања е значително намалено оваа година, според студијата на Chainalysis. Иако Chainalysis признава зголемена стабилност на BTC, вредноста на биткоинските исплати наводно опаднала од 427 милиони долари во декември минатата година на 96 милиони долари во септември 2018-та година.

Leave a comment