Среќна Нова Година од CryptoHood и CryptoStef од КриптоДонија

Дечки сакам да ви честитам Нова Година предвремено и да ви се остварат сите желби. Знам дека го чекате етер 800 долари и такви работи, но фундаменталните вести може се многу подобри од пред 5 години но техничката анализа ми кажува подруго. Затоа во оваа година ви пожелувам да намалите на ризикот и да зголемите добивка. Овие две работи ако ги направите, секогаш ќе бидете успешни во било кој маркет.
Крипто е само почеток, луѓето што имаат инвестирано во ова се големи моќници иако пљукаат на телевизија за да можат да купат повеќе. Запомнете кога сите ќе се откажат тогаш е најдоброто време да се купи. Јас се додека слушав други не успевав да купам БТЦ на 3800.
Но некогаш не е само цената, јас верувам во крипто затоа што сум против банките и тоа што држат монопол спрема трансакциите и не дозволуваат иновации. Колку од бизнисите што можат да се отворат во државава им треба сметка, лиценци и слично. Тоа е иднината и затоа банките или ќе се иновираат или ќе умрат. Тоа се случи со телефоните спрема мобилните и Нокиа која беше уверена дека Симбиан беше најдобриот оперативен систем. Ако може нешто да промениме тоа сме ние со користење и ширење на крипто револуцијата. Од нас зависи не од било кој друг. Поздрав од @CryptoStef the king of the North of CryptoDonia

Leave a comment