Според новите податоци биткоин фармањето сега е покомпетитивно од кога и да е

Тешкотијата при фармањето на биткоин го достигна највисокото ниво, покажувајќи ја зголемената конкуренција за блок награди меѓу фармачите, според податоците од Blockchain.com на 27-ми јуни.

Тешкотијата при фармањето, која се приспособува на хаш-стапката секој 2016ти блок, достигна 7,86 трилиони, нов рекорд кој го надмина претходниот од октомври 2018-та година.

Самата хаш стапка, која поставува нови рекорди речиси секојдневно во текот на изминатите недели, во меѓувреме малку се намали за да остане на околу 56 квинтилион хекси во секунда.

Со други зборови, конкуренцијата меѓу фармачите за нови блокови, како и целокупната биткоин мрежна безбедност никогаш не била повисока.

Ваквите мрежни метрики можат да ја поттикнат довербата во аналитичарите и пазарите. Биткoинскиот bull run во 2019-та година следеше по враќањето на мрежната стабилност по периодот на регресија во последниот квартал од 2018-та година.

На своето најниско ниво, хаш-стапката кружеше околу само 32 квинтилион хекси, симнувајќи се од високото ниво во август кое изнесуваше 61 квинтилион.

Гледајќи напред, претстојното преполовување на биткоинската блок награда, закажано за мај 2020-та година, би можело да влијае врз мислењата на фармачите и да ги движат цените соодветно со тоа.

Во согласност со истражувањето објавено од крипто hedge фондот Pantera Capital претходно оваа година, повратниот ефект од настанот би можел да биде одговорен за зголемување на цената на биткоинот цела година однапред. “Преодните точки се случиле 376 и 320 дена пред “преполовувањето” во 2012-та и 2016-та година, соодветно.

Leave a comment