Споредба на јавни и приватни блокчејни

Не сите блокчејни се создадени еднакви, спротивно на она што може да мислите. Како што се испоставува, во моментов постојат два различни видови на блокчејни мрежи: приватни и јавни. Иако тоа можеби не изгледа како голема работа, разбирањето на разликите меѓу двете ќе ви помогне да сфатите како функционираат блокчејните мрежи како целина. Имајќи ја способноста за понатамошно анализирање и проценка кои мрежи од блокчејните ќе биде најдобро да се користат во одредени ситуации, ќе се зголеми вашето целокупно разбирање за тоа како се поврзани крипто и блокчејните. Значи, да прејдеме на она што се јавни и приватни блокчејни и што би било подобро да се користи во одредени ситуации.

Терминологија

Блокчејн: Најлесен начин да се разбере блокчејнот е да се мисли за истиот како целосно транспарентен и постојано апдејтиран запис за размената на информации преку мрежа на персонални компјутери, систем кој никој не го поседува целосно. Ова го прави децентрализиран и исклучително тешко за некој да го пробие или да го корумпира системот, при што гарантира целосна валидност и доверба во секоја размена на информации.

Фармање: Фармањето на биткоин е процес преку кој трансакциите се потврдуваат и се додаваат во јавниот ledger, познат како блокчејн, како и начинот преку кој се добива нов биткоин.

Консензуален алгоритам: Консензуален алгоритам е процес во компјутерската наука кој се користи за да се постигне договор за единствена вредност на податоците помеѓу дистрибуираните системи. Консензуалните алгоритми се дизајнирани да постигнат сигурност во мрежа која вклучува повеќе јазли. Решавањето на проблемот – познат како консензусен проблем – е важно во дистрибуираните компјутери и мултиагентните системи.

Хаш функција: Хаш функција зема група на знаци (наречени клуч) и го мапира до одредена вредност (наречена хаш вредност или хаш). Хаш вредноста ја претставува оригиналната низа на знаци, но обично е помала од оригиналот.

Јазол: Јазол е уред на блокчејна мрежа, што во суштина е основа на технологијата, и му овозможува на блокчејнот да функционира и преживее. Јазли се дистрибуираат низ широко распространета мрежа и извршуваат различни задачи.

Јавен блокчејн

Првиот тип на блокчејн е јавен блокчејн, кој им овозможува на секој да учествува во неговиот ledger и да изведе консензуални алгоритми. Јавната блокчејна мрежа е целосно отворена и секој може да се придружи и да учествува во мрежата. Мрежата обично има стимулации за охрабрување на повеќе учесници да се придружат. Биткоин е еден од најголемите мрежи на јавен блокчејн во производство.

Еден од најголемите недостатоци на јавниот блокчејн е значителниот износ на пресметковна моќ што е неопходна за одржување на дистрибуиран ledger од таков голем обем. Поконкретно, за да се постигне консензус, секој јазол во мрежата мора да реши комплексен, ресурсно-интензивен криптографски проблем наречен хаш алгоритам за да се осигури дека сите се синхронизирани.

Друг недостаток е отвореноста на јавниот блокчејн, што подразбира малку или скоро никаква приватност за направените трансакции и само поддржува слаба нишка на безбедност. И двете од овие е важно да се имаат предвид за случаи на употреба на блокчејн во претпријатија.

Приватен блокчејн

Друг вид на блокчејн е приватниот блокчејн. За разлика од јавните блокчејни, приватните блокчејни не се отворени за секој да пристапи и да учествува. Мрежата на приватните блокчејни бара покана и мора да биде потврдена од страна на мрежниот стартер или со множество правила поставени од мрежниот стартер. Бизнисите кои поставиле приватен блокчејн, генерално ќе воспостават мрежа која бара дозвола за пристап.

Со ова се поставуваат рестрикции за кого е дозволено да учествува во мрежата и само во одредени трансакции. Учесниците треба да добијат покана или дозвола да се придружат. Механизмите за контрола на пристап можат да варираат. Можете да имате постоечки учесници да одлучуваат за идните учесници или да основаат регулаторен орган кој издава лиценци за учество. Откако ентитетот ќе се приклучи на мрежата, тој ќе има улога во одржувањето на блокчејнт на децентрализиран начин.

Можете да научите како да се придружите на некои од најдобрите приватни блокчејни мрежи преку пребарување на интернет и аплицирање за да им се придружите. Барањата за пристап до платформата варираат од мрежа до мрежа, но обично бара некоја форма на претходна врска со некој во мрежата. И приватните и јавните блокчејн мрежи функционираат на ист начин, со единствената разлика е во тоа кој ќе учествува и ќе пристапи на мрежата.

Предности и недостатоци

Иако и јавните и приватните блокчејни во суштина функционираат на ист начин, дефинитивно постојат некои добри и лоши страни поврзани со секој од нив за кои сите треба да бидат свесни. Кога станува збор за приватни блокчејни, кој и да е што ја надгледува целата мрежа, има способност брзо и директно да ги менува или дури да ги враќа трансакциите како што ќе посака. Јавните блокчејни, од друга страна, се отворени за секого, што значи дека тие би требало да и дадат пристап на некоја централна власт која би ја надгледувала целата мрежа, што во основа го прави блокчејнот приватен.

Друга предност за користење на приватен блокчејн е тоа што нема шанси за мешање на фармачите, бидејќи секој валидатор е познат и имал точни ингеренции за да биде дел од мрежата. Во случај на јавен блокчејн, никој не знае кој е секој од валидаторите кој го зголемува ризикот од потенцијални мешања или дури 51% за хакерски напад. Дополнително, бидејќи приватните блокчејни се речиси секогаш помали од јавните блокчејни, и за нив треба помалку енергија и нејзината потрошувачка обично не е проблем. Истото не може да се каже за јавните блокчејн мрежи, во кои обично има илјадници компјутери кои треба да поминат пред да бидат верификувани, за кое се користи еден тон енергија во споредба со приватните блокчејни.

Јавните блокчејни, од друга страна, исто така, имаат некои предности што ги прават – понекогаш – подобра опција отколку приватните блокчејни. На пример, бидејќи јавните блокчејни се отворени за секого, поверојатно е дека платформата ќе ја користат повеќе луѓе кои ќе имаат поттик да се придружат. Ова ќе ја зголеми свесноста и популарноста околу платформата многу побрзо отколку што би се случило за приватна блокчејна мрежа која е ограничена на мала, но тесно поврзана група на девелопери.

Приватните блокчејни се посигурни, побезбедни и користат помалку енергија. Јавните блокчејни се попристапни, отворени и многу побрзо ја зголемуваат свеста за платформата.

Заклучок

Па како што изгледа, блокчејните не се сите исти. Можеби не изгледа дека е важно да се разбере, но да се биде свесен за тоа што го прави јавниот блокчејн различен или поповолен, клучно е да го подобрите вашето разбирање и да го однесете на следното ниво. Едно е да се знае што е блокчејн и како тој е поврзан со криптовалути, но ако можете дополнително да објасните и анализирате кои видови блокчејни мрежи се посоодветни за одредена ситуација, тогаш ќе бидете во добри раце. Како што напредува времето, можеме да очекуваме да видиме нови иновации во блокчејн просторот што потенцијално може да го смени начинот на кој го гледаме секој тип на блокчејн. Како и секогаш, среќно инвестирање!

Leave a comment